Пред да се приклучи на кампањата на Трамп, Пол Манафорт подолго време не е присутен во Вашингтон. Иако својата репутација ја гради во главниот град на САД, парите ги прави преку море, претежно во Источна Европа, и по нешто во Африка и Азија.
Украина ја прекина истрагата околу Пол Манафорт, еден од главните осомничени од Роберт Мулер за руското мешање во американските избори, откако претходно администрацијата на Трамп одлучи на земјата да и продаде оружје за нејзиниот конфликт со Русија.
Деновиве истрагата околу Трамп откри дека неговиот некогашен шеф на кампања, Пол Манафорт, своевремено тајно успеал да собере и наговори (плати) мала група на поранешни европски лидери „да делуваат неформално и без никаква поврзаност со владата на Украина“ во корист на интересите на владата на Виктор Јанукович во Европа и во САД.
Обвиненијата против шефот на кампањата на Доналд Трамп носат десетици години затвор. Не се директно поврзани со сомневањата на односите меѓу Трамп и Русите но ова е досега најблиското стегање на обрачот околу актуелниот претседател.