Моментално човекот е на судење по 32 основи за даночна измама и перење пари оф-шор. Доколку биде осуден многу е веројатно дека ќе биде помилуван од Трамп.
Пред сето ова, и многу пред Трамп, источноевропските олигарси, Маркос и Сесе Секо, Манафорт е „дечко кој ветува“ и кој е близок со администрациите на Реган и Буш.
Манафорт во 2016 станува претседател на кампањата на Трамп. Тој се спомнува и како еден од учесниците на состанокот со руската адвокатска Веселницкаја во Трамп туаер, кој се смета за клучен момент во кој е договорена соработката меѓу Русија и Трамп против Хилари. Иако го судат за матни зделки со украинскиот претседател Јанукович, токму работата за Трамп е причината зошто тој завршува на суд. Вашингтон пост прави краток документарец за подемот и падот на Манафорт: