Дел од софтверските алатки што ги користи ФБИ се развиени во самото Биро, додека дел се купени од приватни компании. Освен активирањето на микрофоните на Андроид, ФБИ може истото да го направи и со микрофонот на вашиот лаптоп, изјавил поранешен американски функционер за Вол Стрит журнал.
Истиот извор објаснува дека овие технологии се користат во случаи кои вклучуваат организиран криминал, детска порнографија и тероризам. Тие ги избегнуваат овие техники кога истражуваат хакери, од страв дека осомничениот ќе ги открие и ќе ги објави техниките.
"ФБИ ангажира луѓе кои имаат хакерски вештини, а купуваат и алатки кои се способни да ги прават овие работи. Кога го правиш ова, тоа е затоа што немаш никаков друг избор," објаснил поранешниот вработен во ФБИ.
За целата оваа работа е задолжена единицата за Далечински операции. Инсталирањето на алатките за следење најчесто се врши далечински, користејќи документ или линк, кој кога ќе биде кликнат (отворен) го инсталира софтверот. По ова тие ги издвојуваат само релевантните податоци, кои му ги предаваат на тимот што работи на конкретниот случај. Тука завршува работата на единицата.