Во четвртокот, на 5 август, Бритни објави фотографија од црвен квадрат, без никаков коментар и објаснување, и тоа го направи по втор пат истата недела.
Фановите, поучени од времето кога уште беше под контрола на татко ѝ и комуницираше со нив преку навидум наивни постови (облечи зелена маица ако имаш проблем!) се потресени и коментираат под објавите, а меѓу сите „Добро ли ти е?“ и „ШТО ЗНАЧИ ОВА?!“ има и такви што навлегуваат подлабоко со „Може ли некој да ја провери кутрава жена, се чувствувам беспомошно, а можам да замислам таа како се чувствува.“
Бритни сѐ уште не ги коментира бизарните постови, ниту објаснува зошто ги има два пати.
Масовната загриженост доаѓа откако се појави и тврдењето дека мемоарите на Бритни кои треба „да откријат сѐ“ во моментов не можат да се објават поради „недостаток на хартија“.
Инаку Бритни од наредбата за „дочувување“ се ослободи лани во ноември и оттогаш живот живее, или барем така изгледа на социјалните мрежи. Се омажи со долгогодишниот партнер Сем Асгари, најави дека ќе се враќа на сцената и сега ја заврши книгата.
Требаше во јануари да ја објават Сајмон и Шустер, но, како што кажавме, недостатокот на хартија (веќе осми месец?) ги нарушува тие планови.
Во моментов, најновиот пост на нејзиниот Инстаграм е видео каде што се врти облечена во фустан (како по обичај во кадарот на кој сме навикнати), и пишува „Нема музика. Зошто е тишината толку гласна????“
А може е едноставно - Бритни во прашање и толку.