Фрикови

Би-би-си повторно покажа дека знае да удене избор на репотрер

Во мртвата трка кој ќе биде најголемото човечко дно што некогаш било ангажирано пред камерите на Би-би-си се вклучи поранешниот зоолог на Би-би-си Адам Бритон кој се снимал себе си како силува и измачува кучиња, за што доби 10 години затвор.

Да не знаеш за што попрво да избегаш

Жена од Сингапур успева да убеди некои си 30-на луѓе дека таа е божество па како што е ред почнува да ги молзи за пари, во вредност од некои си 10 милиони долари. И тоа не е ни приближно најлошото.

Економист реши да го пробива патот кон нормализирање на инцестот

Откако еден американски конгресмен крева галама со својот предлог закон во кој братучед/братучетка се брише од списокот на инцестоидни семејни односи (што потоа по итна постапка беше коригирано), Економист тргна со објаснување како тоа не е забрането со закон во најголемиот дел од САД и Европа, освен што се смета за одвратно.

Казахстан оди директно на скалпел

Затоа што хемиска кастрација не е доволно тешка казна за да ги одврати педофилите, Казахстан одлучи за најтешките педофилски прекршоци на обвинетите хируршки да им бидат отстранети гениталиите.

Свештеник умрел имитирајќи го Исус

39-годишен вљубеник во Бога се обидел буквално да оди по неговите стапки и да го рекреира (пре)строгиот пост спомнат во евангелијата. Планирал четириесет дена да не јаде и да не пие ништо, но завршил во болница каде лекарите пробале да го спасат од овој акт на верата. Не успеал да се омрси.

Ако овој добие, има надеж за многумина

Решил да ја тужи „жената на својот живот“ откако таа му рекла дека го гледа само како пријател. Значи, корпа. Со ваквото нејзино гледање на работите, му нанела траума и депресија. Плус, туку по некое време таа ги отфикарила сите контакти со него. И како да не ја тужи и да ѝ бара 3 милиони долари?

„Жолтата куќа“ од Колорадо

Поранешна сопственичка на погребно претпријатие во Колорадо е осудена на 20 години затвор заради измама на семејства на покојници. Без нивно знаење, таа и мајка ѝ дисецирале 560 тела. Ги продавале органите за научно-истражувачки потреби.  

Движење за доброволно човечко исчезнување

Планетава неодамна го дочека својот 8 милијардити жител. Лес Најт мисли дека не треба да постои ниеден. Се разбира дека веднаш се поставува прашањето зошто овој 75 годишен човек не тргне од личен пример да ја остварува идејата. Но, неговиот план за сите нас е поинаков.

Полициски „Тиндер свиндлер“

Слично на оригиналниот „Тиндер свиндлер“ од серијата на Нетфликс, кој манипулираше жени за да им зема пари, овој јунак одел со слични шеми само што нему фетиш му била полицијата, без многу да пребира, машко, женско... Со Тиндер профил на згодна плавуша успеал да убеди цајкан да му ја даде службената кола. Со една друга жртва имал и секс. 

Неколку месеци откако се избања, почина највалканиот човек на светот

Деновиве во Иран почина човекот кој повеќе од 60 години одбива да користи вода и сапун од страв дека ќе го разболат. Аму Хаџи имаше 94 години.

Што вика Иван исцелителот, ќе дојдеме ли и ние на ред?

Еден самоопрогласен пророк од Уганда им понуди зрак надеж на делот суеверни и лекомислени негови сограѓани. Им кажа дека Господ го има земено кај него на неколку часа и тогаш му има ветено дека планира сите луѓе од Уганда да ги пресели на некое посреќно место. Ако е така, нефер е први да бираат.

Што е Шведскагејт?

По децении успешен позитивен ПиАр и освојување на симпатиите на глобалната јавност, конечно во јавност се покажа вистинското лице на шведската култура и обичаи, и е поодвратно од што сте можеле да замислите.

Директор на Фејсбук даде отказ заради педофилија

35-годишниот менаџер за развој на глобални заедници на Фејсбук, Џерен Мајлс, е главниот лик на едно 2-часовно сослушување направено од група аматери „ловци на педофили“.

Педофил и казна

Гневен татко дознава дека неговата 6-годишна ќерка е малтретирана од негов личен пријател, па истиот тој го носи во шума со лопата.

Опасниот живот на Џон Мекафи

Урнебесно контроверзен живот, во кој се мешаат компјутерство визионерство, алкохол, дроги, криминал и фасцинираност од полусветот на отпадниците и курвите. „Да знаете дека нема да се обесам“ твитна Мекафи пред да биде најден обесен. 

Ѓон да му позавиди

Ентони Винер е поранешен американски политичар кој успеа да ја уништи својата речиси неуништлива политичка кариера заради пуст мерак на жени, меѓу кои и малолетничка, да им испраќа сексуални пораки и слики од својот пенис. Таму каде што некои гледаат резил и блам, оваа уникатна човечка појава деновиве откри можност за профит.

Врв на љубомора

Лошо: жена повеќекратно го прободува својот сопруг со нож. Полошо: затоа што на мобилниот му открила слики со помлада и послаба жена. Врв на љубомора: сликите се од нејзе кога била помлада и послаба жена.

Да слушнеме една песна тешка 20 години затвор

Холвудски рапер прави песна со наслов EDD. Тоа е департмент за вработување на Калифорнија. Се фали како ги одрал. Песната има преку 500.000 прегледи на Јутјуб, само што некои од тие пола милион кликови биле на ФБИ. 

Американци сред пандемија на ковид-19 се пик Американци

Маж е уапсен во обид да упадне во станица на Крајбрежната стража, од каде сакал да украде хеликоптер кој му бил неопходен за да нападне една локална болница. Та-даам.

Првата човечка жртва на рамноземјашите

Маж од Калифорнија чија намера била да лета до границата меѓу Земјата и вселената за да види дали планетава е округла (или рамна) загина откако неговата направи-сам ракета беше лансирана и по неколку секунди се струполи назад на Земјата.

Не секој заслужува право да каже како што се чувствува

45-годишен педофил, кој не може да изгледа повеќе како педофил и да сака, пред суд изјавува дека не е педофил затоа што се идентификувал како 8-годишно девојче, па затоа и не се страшни делата што ги правел.

Скотови вегански

Од само ним разбирлива логика брачен пар вегани го држи своето новородено бебе на сирова веганска исхрана составена исклучиво од овошје и зеленчук. Бебето умира на 18-месечна возраст, со тежина од 7,7 кг.

Комшија што сече кочници

Едно е ми сметаат електрични скутери низ град и по тротоари, сосема друго е дај да ги оставам без кочници.

Перт се мобилизира

Неколку илјади луѓе од градот се пријавиле за масовно палење скари пред домот на една веганка кој ги влечка комшиите по судови затоа што во свој двор знаат одвреме- навреме да запалат скара.