Човекот кој сакал да влезе во романтична врска со една жена иницијално се заканил дека ќе ја тужи за емоционална траума откако разбрал дека таа го гледа него само како пријател.
Првичната закана била одложена откако таа прифатила да одат на советувалиште, но година ипол подоцна, таа останала на своето, а тој не можел да се помири со тоа.
Откако престанала секаков контакт, тој поднел две тужби против неа - 3 милиони долари за тоа што нанаела „штета на неговата беспрекорна репутација“ и му нанела траума и депресија, а бара и 22.000 долари затоа што го прекршила договорот дека ќе ги подобрат односите.
Втората тужба му е веднаш одбиена, но првата сè уште е во игра.
Тие се сретнале во 2016-та и со тек на време станале пријатели. Проблеми се јавиле четири години подоцна, кога си кажале како се гледаат еден со друг. Таа го сметала за пријател, ама тој неа за „најблизок пријател.“
Побарала да ги разретчат дружењата, што го изнервирало бидејќи тоа било чекор назад во нивната врска. Таа инсистирала да постават граници во односите и побарала од него малку да „држи до себе“.
Ѝ пратил писмено барање, заканувајќи се со судска разврска која ќе има монетарни последици.
Прифатила да одат на советувалиште само затоа што верувала дека така полесно ќе помири со фактот дека не се дечко и девојка. После една ипол година сфатила дека тоа нема поента, па престанала, по што тој ги поднел тужбите.
Онаа помалата тужба веднаш му е одбиена, но за 3-те милиони долари ќе се тепаат на суд.