Таг: врски

Ако овој добие, има надеж за многумина

Решил да ја тужи „жената на својот живот“ откако таа му рекла дека го гледа само како пријател. Значи, корпа. Со ваквото нејзино гледање на работите, му нанела траума и депресија. Плус, туку по некое време таа ги отфикарила сите контакти со него. И како да не ја тужи и да ѝ бара 3 милиони долари?

Терапевт анализира парови од Дизни

Кои љубовни врски во Дизни ќе издржат, а кои баш и нема да живеат „среќно, засекогаш“?

Што е „хесидејтинг“?

Од hesitate - да се воздржуваш и, нели - дејтинг.

Предизвикот на врските со голема разлика во години

Луѓето едноставно имаат тенденција да креваат веѓа кога ќе слушнат за пар со голема разлика во години. Сè уште е некако табу и сè уште не сме ослободени од тоа. Ваквите врски се соочени со уникатни предизвици, но тоа не значи дека не се здрави.

Во ред било да те привлекуваат други додека си во врска?

Терапевт објаснува зошто е нормално паровите да се прашуваат како би било да се биде со некој друг.

Џабе бараме љубовни совети од друштво

Можеби некој ви рекол да пратите порака каде што не треба, или бетер: да не пратите таму каде што треба. Во секој случај, многу е можно советите од другарите или другарките во одреден момент да ве оставиле сами, разочарани или со каење што воопшто сте ги прашале „што да правам.“

„Покетинг“ или „врска за во џеб“

„Покетинг“ или „ставање во џеб“ е кога не кажуваш дека се гледаш со некој и е многу попопуларно отколку што ни се чини.

Како се поставуваат граници во врска?

Има многу неточни претпоставки за што е љубов, врска и идеален партнер. Најчестата е дека кога си вљубен во „вистинската“ личност, нема потреба од граници. Е па, има.

Да, супер е секс, ама сте пробале ли емотивна зрелост?

Пандемијата успеа и тоа да смени - како луѓето што се сингл се снаоѓаат сега во љубовниот живот, каде што влегува бирањето партнери, размислувањето за сексот и други ситници.

Чисто лавабо долга љубов

Од сега како емпириски докажан факт стои дека миењето садови предизвикува повеќе проблеми во врска отколку која било работа што треба да се заврши по дома.

Ќутењето како основа за стабилна врска

И сарказам, и масовни критики, и комплементи со навреда и уште серија алатки за сите вас во прекрасни пасив-агресив врски.

Брутално искрени совети за врска од 98-годишна жена

Текстот е извадок од книгата "Можеш да бидеш во право (или може да бидеш во брак)" во која Дана Адам Шапиро прави колекција на интервјуа со разведени мажи и жени. Конкретнава приказна е од 98-годишна жена која има 2 деца и 3 брака.