Има нов термин што се изроди од новото нормално, во однос на љубовни врски и се вика - хесидејтинг. Пандемијата сè уште има влијание врз ова поле од нашите животи, поточно - нè прави повнимателни од порано во однос на впуштањето во нови односи со недоволно познати луѓе.
Се работи за едно чувство на „не сум баш сигурен/на“, или „чекај да видам“, или „можеби не“. Ова е наспроти убаво оформениот страв од повторно излегување со некого, што го прати чувство на „језиво е“.
Психолозите објаснуваат дека двете состојби не се тесно поврзани, но секако можат да водат една до друга. Хесидејтинг значи дека си малку индиферентен кон излегување со симпатии затоа што животот ти се одвива несигурно. Малку е магливо објаснувањето, но сепак се работи за тренд во пораст. Се должи на рестрикциите за Ковид, што пак доведе до анксиозност и избегнување луѓе, а теоријата е дека несигурноста што ја стекнавме кон животот во последниве 2-3 години влијае на сите аспекти од секојдневието.
Концептот не му е нов на интернетот: владее меѓу самците според едно истражување на ПлентиОфФиш кое открива дека дури 70% од самците не се сигурни околу нивниот љубовен статус и дали сакаат нешто сериозно или без обврски. Дури и на дејтинг.ком, потпретседателот на компанијата, Марија Саливен вели,
„Во главата на еден хесидејтер, обично се повлекуваат, или делуваат несигурно кога работите ќе тргнат напред во една врска, поради сопствената внатрешна борба кога се работи за носење и романтични и општи одлуки.“
Без разлика што звучи депресивно - ништо страшно. Не мора да значи дека сите ќе умрат сами (или дека нема да видат секс со очи цело лето), туку едноставно - пандемијата го рекалибрира начинот на кој размислуваме за љубовта и врските. Се појавуваат нови начини за разгледување на интимата - Ема Вотсон на пример зборуваше за еден концепт на „сама свој партнер“ или self-partnered, и тоа долго пред пандемијата. Има и други термини како етичка не-моногамија и соло-полиаморија што современиот свет ги нуди како алтернатива на традиционалната идеја на хиерархиска моногамија и лични контакти.
Најпросто кажано би било - правете како ви одговара.