Што е етичка не-моногамија?

Концептот на повеќе сексуални партнери не е нешто ново за човештвото, но кога ќе дојдеме до современите романси, навигација подалеку од моногамијата може да се покаже како деликатна работа.

Ова е делумно затоа што моногамијата сама по себе е јасна: се работи за двајца луѓе што се сакаат и спијат само еден со друг, во рамки на идејата дека тоа е лесно. Но, поради длабоко всадените темплејти на нашата култура за она што треба да биде љубовна врска, не-моногамијата станува тешка за управување.

Сега, нетрадиционалните динамики во една врска стануваат сѐ попопуларни, и со овој зголемен интерес се доаѓа и до подобар пристап до одредени ресурси. Но, прво да разбереме,

Што е етичка не-моногамија?

„ЕНМ е пракса на имање повеќе сексуални и/или романтични врски каде што сите инволвирани се свесни за нив,“ објаснува научник за сексуалност и врски, Жана Врангалова, доктор на науки, консултант и креатор на Оpen Smarter, онлајн курс што им помага на луѓето да донесат одлуки за нивните врски.

Вклучувањето на зборот „етичка“ може изгледа перформативно, но всушност е од суштинска важност. Ова е главно поради тоа што изневерувањето или лажењето за сексуалните односи со некој друг е технички форма на не-моногамност, но сигурно не е етички чин. Етичкиот дел од концептот е свесноста, искреноста и транспарентноста меѓу сите инволвирани. Во етички не-моногамните врски, сите знаат за сѐ што се случило, или барем го знаат тоа што бираат да го знаат.

Што е разликата меѓу ЕНМ, полиаморија, свингерство и отворена врска?

Етичката не-моногамија може да се смета за чадор-термин да се опише стил на врска за кој партнерите се согласиле дека нема да биде моногамна. Значи од полиаморија, до свингерај, до „онака моногамен“, има различни начини да се практикува ЕНМ.

Полиаморија е посебен тип на ЕНМ каде што партнерите имаат повеќе постојани романтични врски, според Врангалова. Романтичната љубов е во јадрото на дистинкцијата. Исто така, полиаморијата може да биде од нехиерархиска природа, што значи дека не мора да има централен пар или примарни партнери. За разлика од ова, отворените врски обично се однесуваат на еден пар што ја формира „главната романтична единка“, но партнерите се гледаат со други одвоено, за релативно кежуал секс или обично излегување.

Свингинг е пракса на парови што си менуваат партнери со други парови, со акцент на сексуална конекција наспроти романтичната. Но, со сѐ почестото прифаќање на пан и бисексуалноста, границите стануваат понејасни, па свингерството еволуира повеќе во четворки и оргии. Сега веќе, терминот lifestyle почнува полека да го заменува зборот swinging.

Јазикот околу ЕНМ сѐ уште се развива, но ова само ја подвлекува важноста на комуникацијата. За да се задржи искреноста и транспарентноста, сите во врската се очекува да бидат директни за нивните намери и чувства.

Важно е да се знае дека ако веќе сте се согласиле на нешто вакво затоа што ви се видело интересно, не мора да значи дека сте се обврзале засекогаш. Да, може ви се штиклирале разни „безобразлуци“ од bucket list, ама на што и да сте се согласиле, и во етички не-моногамна врска важат истите правила како во моногамна. И овој однос не ги чисти магично сељаците (и машки и женски), па ако интуицијата сака нешто да ви каже, послушајте.

Најдобро е ЕНМ да се истражува како подобрување на врската. Многу парови се вртат кон тоа за да поправат проблем во врската, но имајте на ум дека другите учесници може да не сакаат да бидат решението за она што ве мачи.

Затоа е и најидеално двајцата партнери да бидат ентузијасти за ЕНМ. Долгогодишни не-моногамци знаат да препознаат кога еден партнер се согласува само за другиот да биде задоволен и тоа за никого не е забавно.

9 септември 2021 - 12:09