Меѓу предизвиците влегуваат и осудувачките коментари - не е лесно да се биде во врска што луѓето едноставно не ја одобруваат. Дури и да си најсамоуверена личност на свет, а врската е одлична, тешко е да се соочиш со константни критики или скепса. Се прават претпоставки за мотивот „скриен“ зад врската и често луѓето се наддаваат колку ќе потрае.
Понатаму, иако важи „возраста е само бројка“, сепак таа бројка претставува и животно искуство. Во зависност од тоа колку е голема разликата во години, двете индивидуи се наоѓаат во различни периоди од животот. Ова не мора да биде проблем, ама може да биде. На пример, едниот партнер студира, другиот работи со полно работно време; или едниот е на врвот на кариерата, другиот влегува во пензија; едниот е спремен да се скраси и да планира иднина, другиот сѐ уште истражува кој е. Различни фази од животот значат различни приоритети, справување со време и очекувања за врската.
Балансот на моќта е нешто на кое секој пар треба да внимава, но може да биде покритично кај парови со разлика во години. Ова може да значи дека едниот имал повеќе животно искуство или финансиски успех. Ако инволвираните не се внимателни, постариот партнер може да се наметне како тој што ги носи одлуките, или да почне да се однесува како ментор, наместо како партнер. Не значи дека од партнерот не може да се научи, но поентата е да се чувствуваме еднакви, за да можеме да го споделиме менталниот товар.
Врската знае и да се придвижи многу брзо во вакви ситуации - неретко се случува времето да стане фактор и едниот да е спремен за деца, или да мисли дека му истекува времето и да сака да го зграпчи животот. Ова може да се преведе и во вселување заедно, брак или деца многу побрзо отколку кога разликата во години би била помала.
Може да има и разлики во либидото - годините влијаат на нагонот, желбите и способноста.
Може да имаат проблеми да најдат заеднички пријатели.
Сепак, ниеден од овие предизвици не мора да значи дека ваквите врски се невозможни. Пред сè, партнерите не треба да се преправаат дека разликата во години не постои - не дека треба да биде главна тема на разговор, но треба да се признае. Да се зборува за грижите, размислувањата, на што треба да се внимава и како можат да се подржат меѓу себе. Паметно е да се споделат и очекувањата за врската и плановите за иднината.
Да се прифати несигурноста: тешко е да се предвиди како ќе се одвива една врска во иднината, па разбирањето дека може да се појават пречки за кои не сме свесни е дел од пакетот.
И уште еден совет е секој да има свои хобија и пријатели. Иако ова е важно за секоја врска, особено важи за оние со голема разлика во години - може да има нешта што сакате да ги искусите, но мора да се помирите дека нема да ги искусите со партнерот. Добро е да се најдат луѓе кои ги исполнуваат потребите што партнерот или не може или не сака да ги исполни.