Дали си имала многу дечковци кога растеше во 1930-те?
Никогаш не сум имала проблем со дечковци. Секогаш имав многу момци. Секогаш.
Си била мажена три пати. Кажи ми за првиот пат.
Ах, Боже. Првиот пат беше веднаш по завршување на средно училиште. Имав 17 години - и што знаев јас за живот? Ништо. Тој не беше за мене, ама сепак го омажив. Не знаев поинаку. Имав деца со него, значи се исплатеше. Потоа го разведов. Потоа некој ми намести еден маж од Чатанога. Тој беше најевтиниот кучкин син што некогаш живеел. Па и него го разведов.
Што друго не ти се допадна кај него?
Ќе ти кажам една многу лична работа... (го намалува гласот). Неговиот пенис беше многу мал. Па беше на операција и му го зголемија.
Си плати за тоа?
Да. Ама не можев да останам омажена за него.
Зошто не?
Беше премногу скржав. (се смее) Потоа се омажив со Бил Симонс. Тој беше прав маж, ти кажувам. Тој беше одличен. Многу ведар. И беше полуден по мене. Одлично си поминавме. Но тој почина и од тогаш не сум омажена. Ама имав љубовник. Еден специјален човек.
Каков беше тој?
Тој беше оженет. Неговата ќерка беше омажена со брат ми, океј? Тој беше во бизнисот со облека. Тој беше еден од главните ѕверки кога почнаа со производството на маички. Бевме заедно со години. Се среќавав со него во саботи и одевме во апартман во Волдорф Асторија.
Значи имаше три сопруга и љубовник. По кого беше најмногу излудена?
За љубовникот.
Зошто?
Афера е многу поразлична работа од брак бидејќи можеш да ја прекинеш во секое време. И ова ми го направи животот многу возбудлив. Никогаш не беше досадно околу него. Сакам кога маж има пари и може да ме носи на различни места и да ми купува работи. Сите жени го сакаат ова. Не ги слушај ако ти зборат поинаку, океј? Ако и купеше подарок на жена му, на мене ќе ми купеше поубав. Еднаш на неа и купи дијамантско срце, следниот ден мене ми купи дијамантска нараквица, многу скапа. Ме сфаќаш што ти зборам? Ништо не беше премногу добро за мене.
Значи треба бракот да го правиме како афера - тоа ти е поентата на кратко?
Да. И тогаш станува интересно!
Каков беше неговиот однос со жена му?
Никогаш не се согласуваше со жена му. Не би требало да викам никогаш - од каде да знам јас? Нејзиното семејство имаше пари, тие беа во бизнисот со риба. Тој не доаѓаше од богато семејство, и мислам дека затоа се ожени со неа. Меѓутоа тој секогаш беше наоколу.
Дали жена му знаеше?
Ќе ти раскажам приказна. Имаа викендица во Мејн. Еден ден тргнаа натаму и застанаа кај мене на работа - во тоа време работев во фабрика за чевли. Таа дојде кај мене во канцеларија и ми рече: "Ќе сакаш ли да дојдеш со нас?" И реков "Никако. Што ќе правам јас таму?" А таа ми одговори, "Затоа што тој е мизерен без тебе." Никогаш нема тоа да го заборавам.
Дали отиде?
Да, бев.
Значи таа цело време знаеше?
Знаеше. Ама ништо не можеше да направи околу тоа. Таа беше фина дама, ама не беше убава дама. И таа не беше возбудлива дама. Ама останаа во брак до смрт. Сигурен сум дека тој имаше многу жени во неговиот живот освен мене.
Дали брат ти и жена му знаеа?
Да. Бидејќи таа пред некое време ми кажа: "Знаев за аферата меѓу тебе и татко ми. Тој беше луд по тебе."
Дали се надеваше дека ќе ја остави жена му заради тебе?
Ах, кога нешто ми припаѓа на мене, го сакам. Никогаш не би можела да се омажам за него бидејќи целото мое семејство би било инволвирано. А тоа воопшто немаше да биде добро. Татко ми, ми велеше: "Дали си среќна?" И јас ќе му кажев "Да." На што тој ќе речеше "Добро, остани така - подобро е отколку да бидеш несреќна."
Што друго те научи татко ти за љубов?
Гледај, и татко ми бркаше наоколу. Сите мажи од таа генерација кои дојдоа во оваа земја и направија пари, сите тие бркаа наоколу.
А жените?
Во тоа време не. Не толку многу. Сега е поразлично. Сега, секој брка нешто на страна.
Дали мислиш дека тоа е во ред?
Па, не би сакала ќерка ми да го прави тоа. Ако таа беше несреќна, би сакала таа да се разведе и да запознае нов фин дечко. И таа го стори тоа! Нејзиниот втор сопруг беше одлично момче. Тој беше луд по неа. А и таа го сака него. Не знам колку таа го сака него, ама знам дека тој е многу добар со нејзе.
Дали некој од твоите сопрузи бркаше жени?
Не. Всушност, треба да кажам дека никогаш не сум фатила некој од нив.
Ај на кратко да зборуваме за Бил Симонс. Твојот трет сопруг.
Ах, тој беше прекрасен.
Што го направи бракот толку добар?
Прво, мора да бидеш сексуално компатибилен. Ова е многу важно. Ако некој ти каже поинаку, тој е луд. И тој беше екстравагантен, сакаше да живее на ист начин како и јас. Многу танцувавме, што ми се допаѓа. И пиевме. И тој имаше многу пријатели. Ги запознавав сите нив. Сите тие бркаа жени на страна. Најголемиот дел од мажите го прават тоа - знаеш, така? Ако сакам уште утре можам да запознам таков. Ама имав доволно мажи. Имам 98 години, зошто сега би сакала маж. Што можам да му дадам? Што може тој мене да ми даде? Ништо.
Каков совет би му дал на пар кој е во брак десет години и сака да го збогати својот сексуален живот?
Прво, мажот не смее да биде себичен. Тој си го добил својот оргазам, и сега треба да се осигури дека и таа ќе го добие својот. Целата таа работа еби - бегај, не ја бива. Ама многу е тешко да се збогатат работите после 10 години. Ако ти го немаш тоа чувство, и тој го нема тоа чувство, тогаш разведете се. Тоа е единствениот начин. Сами ќе ви биде подобро. Бидејќи кога живеете со некој што не ве прави среќни, тоа е мизерно. Тоа е полошо отколку да бидеш сам.
Дали мислиш дека е нереалистично дека некој може да биде среќен со истата личност цели 50 или 60 години?
Да. И ќе ти кажам зошто. Се навикнуваш еден на друг. И додека старееш, повеќе не ги бараш истите работи со него. Не сакам да ми биде досаден животот. Мора да имаш пасија и мора да имаш многу чувства. Без чувства нема ништо, тогаш е само глума - а тоа не е добро. Мора да го имаш тој нагон. И мора и двајцата да го имате. Не можеш само да кажеш "ќе имаме секс во понеделник." Не. Тој може да се врати од голф, целиот валкан и одеднаш завршувате во кревет и одлично си поминувате.
Бидете спонтани.
Спонтани, точно!
Која е најнеобичната работа што маж ти побарал да ја направиш?
Ах. Сè. И ако сакаш да ја направиш, ја правиш. Ако не сакаш, ќе кажеш "не сум заинтересирана за тоа." Толку е едноставно. Маж може да каже "испуши ми го." И на многу жени им се допаѓа тоа. Многу жени го сакаат тоа. Некои не. Многу мажи не сакаат тоа да им го прават на жените, разбираш? Двонасочно е.
Зошто умира љубовта?
Ќе ти кажам зошто. Еден од вас се отуѓува. Мора да имате доста заеднички работи за да останете во брак. Ако тој сака да оди на танцување а ти не сакаш, океј тоа е в оред понекогаш, ама некој секоја вечер да го правиш тоа бидејќи биди сигурна дека тој ќе си најде некој друг за танцување. Дури и пиење. Некои мажи сакаат да одат во бар и да се напијат неколку пијачки. Па тие запознаваат луѓе во барот. И пред да знаеш, тие имаат нешто. Такви се работите. Треба заеднички да правите работи.
Колку е важен компромисот?
Многу. Мора да дадеш се од себе за да го направиш другиот среќен. Ама треба да го направиш така што и двајцата ќе сакате исто да дадете. Инаку не е добро. Ако сопругот ти е голфер, треба да научиш да играш голф. Инаку, тој цело време е на голф теренот.
А ако жената сака да игра бриџ...
Тој треба да научи да игра. Во право си. Дел од живеењето заедно е да се учите работи меѓу себе.
Според статистиките, во денешно време се повеќе и повеќе жени бараат разводи. Многу поразлично од твојата генерација.
Точно, светот денес е многу поразличен бидејќи жените се успешни. Многу жени се поуспешни од своите сопрузи. И тоа не мора да значи дека е добро за бракот. Ова е одлично за жените, секако, ама ако тие станат поуспешни од своите мажи, тоа може да биде лошо бидејќи мажите ќе ја изгубат почитта за себе. И тогаш мажите стануваат мачиња - а тоа не е добро. Тоа е мое мислење. Може да сум грешка. Сум згрешила полно пати во мојот живот.
Дали мислиш дека деновиве мажите се повеќе како жени?
Мислам. Мислам дека денес мажите повеќе се интересираат како изгледаат. Многу повеќе. Мислам дека тие се облекуваат поинаку од порано. Одат да вежбаат. Сега, жените мора да се мерат со нив.
Дали би сакала да бидеш млада жена во денешниот свет?
Да. Бидејќи се чувствувам како да можам да се мерам со кој било маж. Не сум вообразена - немој така да ма сфатите. Меѓутоа ги разбирам мажите. Татко ми секогаш ми велеше "ако јас бев оженет со жена како тебе, светот ќе беше мој." Тој така ми велеше. Јас му бев омилена и го знаев тоа. Можев да имам се што сакав. Не им кажував на браќата и сестрите бидејќи не сакав да ги повредам нивните чувства.