И многу е современо, затоа што една од главните карактеристики му е да не го објавуваш партнерот на социјалните мрежи. Иако не личи дека е голема работа, експертите велат дека е можно да има причина за загриженост. Од оние мудрувања од типот, „ако си во врска и те нема покажано на Фејсбук, сто посто си другата жена“. Но, дали џебот важи и кога партнерот не е на социјални мрежи и дали оди рака под рака со Инстаграм?
Самопрогласени дејтинг-експерти забележуваат дека Инстаграм знае да предизвика несакани проблеми во една врска, особено поради фактот што апликацијата на корисниците им дава можност да праќаат пораки на кого сакаат. Сепак, општиот консензус е дека никогаш не е добро да се „става во џеб“ човек со кој си во сериозна врска. И според нив (да се потсетиме, самопрогласени), водење на врската кон следниот чекор значи и објавување на Инстаграм, за да „знае светот“.
На прашањето зошто луѓето ги држат партнерите во џеб, одговорот е дека, наводно, не ја сакаат таа личност во нивниот интимен круг.
„Ќе знаеш како котираш во животот на партнерот во однос на тоа колку те пушта во неговиот внатрешен круг. Значи, ако партнерот никогаш не те запознал со пријателите, не те донел на забава од работа и никогаш не дозволил слика од вас двајца да се појави на социјални мрежи, плус доаѓаат празници и не те носи на гости кај неговото семејство, тогаш немаш партнер, барем не во традиционалната смисла. Едноставно спиеш со човек што те држи на периферија на животот,“ вели Сузан Винтер, автор и експерт за романтични односи. „Ако не го пуштиш човекот 100% внатре, никогаш не мораш да се бавиш со ‘отпуштање’ како кога би бил во официјална врска.“