На границите се гледа како нешто што треба да се издигне пред досадни колеги, интернет тролови или напорни роднини, како алатка за креирање потребна дистанца и простор.
Сепак, границите се важни и како дел од снаоѓање со ранливоста, интимата и безбедноста во една врска. Љубовта не ги прави границите непотребни, напротив - ни дозволуваат да одржиме блискост и разбирање, притоа почитувајќи ги сите инволвирани.
Има шест типа на граници - физички, емоционални, сексуални, интелектуални, материјални и временски - секој тип е важен за секаков однос, и треба да се воведат со време.
Знаат да бидат малку страшни; може да ни се видат и како закана за врската - што ако границите го одбијат човекот за кој сме заинтересирани? А сепак, закана за врската е и да не поставиш граница и може да страда задоволството на двете страни.
За тие што не се снаоѓаат во процесот, еве примери:
- Не сум спремен/спремна за обврски.
- Една чаша вино ми е доста.
- Не ми е пријатно со секстинг/секс преку пораки.
- Не сум спремен/спремна да ти раскажам за моето семејство.
- Важно ми е да одвојам време за друштвото.
- Не сум спремен/спремна за интимност.
- Денес сум зафатен/а, но утре можам!
- Не се допишувам додека сум на работа.
- Не ми е пријатно да покажувам блискост во јавност.
- Сакам да разговараме за полово преносливи болести и контрацепција пред да имаме секс.
- Не сакам да зборуваш за нашиот сексуален живот пред други.
- Не сум спремен/спремна да ги запознаам твоите родители.
- Ако деградирачки коментираш за моето тело, нема да сакам да бидам во оваа врска.
- Не ми е пријатно да ми гледаш во телефон без моја дозвола.
- Дозволи да ти се прејавам, ми треба време да размислам.
- Барам моногамна врска. Не сум заинтересиран/а за друго во моментов.
Колку побрзо се постават границите, толку подобро. Потешко е да се сменат кога веќе ќе се воспостави динамиката на врската.
Што е важно да се запамети:
- Може ќе треба да ја истакнете границата повеќе од еднаш.
- Мора да барате одговорност од луѓето.
- Поставувањето граници за другите почнува со поставувањето граници за себе.
- Луѓето ќе ги сфаќаат онолку сериозно колку што ги сфаќате вие.
- Границите можат и да се сменат со тек на време.
- За да поставиме граница, треба јасно да ја искомуницираме.
- Почитувајте ги туѓите граници ако сакате да ги почитуваат вашите.
- Отпор кон вашите граници не значи дека се неразумни или погрешни.
Често се случува коментар од типот, „Ако ме сака ќе знае што точно ми треба“, но реалноста е дека треба да престанеме да претпоставуваме дека некој ќе ни ги знае границите. Тие би требало да рефлектираат кои сме и каков ни е контекстот. Се работи за јасност околу потребите очекувањата и ограничувањата и што имаме волја да толерираме, а што не.
И на крај, уште едно важно за разбирање: и поставувањето граници бара пракса.