Не сте единствени. Според податоци од дејтинг-апликацијата Хинџ, дури 54% од зумерите што се сингл „зажалиле што послушале совет од другар/ка затоа што на крај им се чинело како да направиле погрешна одлука.“
Близок може да даде добар совет, особено ако го прашуваш за нешто што се разбира. Проблемот во однос на личните врски е што секој има индивидуален пристап. И љубовните совети што другарите ви ги даваат се доведени под прашање затоа што, под а) можно е да ги проектираат проблемите од сопствената врска на вашата и б) можно е да имате различни потреби и желби во една врска.
Лохан Ури, директорот за наука за односи во Хинџ, вели дека е важно да се запамети дека „ти си тој во врската, не другар(к)ите.“ И од клучна важност е да се научи како да се слушаат и да се согледаат сопствените чувства.
Пофер е на друштвото да му се обратиш како на сведоци. Да се преслушаш и да сфатиш какви се твоите потреби и цели, да ги споделиш, па од нив да побараш да те прашаат за тоа, кога нема да знаеш што да правиш. На тој начин те поддржуваат во твоето „патување“, а не ги проектираат нивните приоритети на тебе.
Ури препорачува и разговор со терапевт, доколку има потреба. Не само што терапијата може да помогне да научиме повеќе за нашите потреби во врската, може и да нè направи посамоуверени во носење на одлуки без да мораме да се потпираме на трето лице.
И за крај, добро е да се има човек од доверба со кој споделуваш, но сепак, секој ги знае своите потреби во врска. И без разлика што ни е во интерес да им веруваме на другарките кога делат совети за нешто општо, можеби треба една доза воздржување кога се работи за бирање човек со кој што почнуваш да градиш нешто ново.