
Видеото не ги опфаќа сите светски трендови што ѝ се случија на 2014, само блогерските, влогерските, шминкерските, естрадните и уште некои, тесно испреплетени со поп-културата.
Таа година инаку беше годината кога сите си истураа кофи мраз на глава, а само некои знаеја дека зачетокот беше освестување за болеста АЛС.
Зборот „селфи“ влезе во речник, а сите беа опседнати со правење селфи, дури и на Оскари го направија „најјакото“ (денес, никој не би го погледнал два пати).
Кајли Џенер го прелажа светот дека усните ѝ се такви поради шминка и направи парче со продажба на комплетчиња за шминкање уста.
Еве, нека е така:
Сепак, и покрај сите бизарности, и за 2014 важи истото - нели беше некако поедноставно?