Брачниот пар е осуден по основа убиство од прв степен, малтретирање деца, убиство од небрежност и запоставување деца. Јавната обвинителка во случајот ја нарекла диетата форма на „тортура“ и објаснува дека детето починало од „изгладнување и екстремна негрижа“.
35-годишната мајка ја повикала брзата помош на 27 септември кога забележала дека бебето било ладно и не мрдало. 35-годишната мајка не повикала никого кога бебето на исхрана од овошје и зеленчук (чија комплетна подготовка се состоела од нивно миење и сечење), на 18 месеци имало тежина карактеристична за бебе на 7-8 месеци.
Во сослушувањето во полицијата, брачниот пар изјавил дека тие се вегани и ги хранеле своите деца само со сирово овошје и зеленчук, главно манго, рамбутан, банана и авокадо. Тие дополниле дека бебето се уште цицало, но признале дека тоа немало внесено никаква цврста храна во неделата пред неговата смрт.
Починатото бебе е едно од четирите деца на парот. Според властите останатите 3 на возраст од 3 до 11 години, страдале од слично малтретирање и запоставување.