Таг: вегани

Зошто луѓево не се помират дека тоа нивното не е живот?

Колку очајно треба да ти се јадат ребра за да купиш лажни вегански коски за да направиш вегански ребра?

Неjќе веган да научи како функционира економија и неjќе

Британски вегани се организираат да празнат рафтови со млечни производи во супермаркети за луѓе да не можат да стигнат до истите, под претпоставка дека на производителите на млеко им прави разлика дали нивните производи некој ги купил за консумирање или за активизам.

За веганите не треба да важи задолжителна вакцинација?

Британските работодавци што планираат да воведат задолжително вакцинирање за своите вработени, треба од тоа да ги исклучат веганите, е препораката на адвокатите и правните експерти.

Веганско гледа, сол вади

Еден од начините да ги збогатиш и нагласиш вкусовите на некое јадење е да му ставиш некаква животинска маст (млеко, сало, лој, путер...). За тие што одлучиле да се лишат од овие благодати на природата, алтернативата е - сол, и тоа многу.

Дали зеленчукот е вегански?

Во најновото поглавје на темата „веганите го запознаваат светот“, веганите откриваат што точно значи тоа што нивните зеленчуци (и останати растенија) се одгледувани со природно ѓубриво. И секако дека тоа им пречи.

Скотови вегански

Од само ним разбирлива логика брачен пар вегани го држи своето новородено бебе на сирова веганска исхрана составена исклучиво од овошје и зеленчук. Бебето умира на 18-месечна возраст, со тежина од 7,7 кг.

Веган, некст левел

Самонаметнатата гастрономска мизерија една веганка решава да ја рашири и на својот комшилук, барајќи од нив под итно да престанат со правење скара во двор.

Веге дискови за вас прекрасни вегани

Во време на изникнување на секакви идентитетски прашања низ светот, европските парламентарци одлучија да воведат ред и јасно да направат разлика што е месо, а што е трева, барем кај суровините за скара.

Не многу голема победа, ама мерачка

Предмет: авокадо, богот на веганската исхрана. Тема: има веројатност дека авокадото не е веганско.

Голоракиот касапски еснаф оставен сам против разузданите вегански банди

Француски касапи во официјален допис до француската влада бараат заштита од милитантните вегани, обвинувајќи ги дека се обидуваат да ја блокираат и да ја лишат Франција од културата на јадење месо.

Анти-наталисти, екстремните вегани што мислат дека не треба да имате деца

Станува збор за следбеници на филозофијата дека човечките суштества се деструктивна сила за животинскиот свет на планетава и за самата планета, па затоа е морално погрешно да се креираат нови примероци на луѓе. Како што тие истакнуваат невозможно е фетусите да се прашаат дали сакаат да бидат родени, па имањето дете преставува натурање живот на друго суштество без негова / нејзина согласност.

Ако цела Америка станат вегани, здравствениот систем ќе крахира

Американската национална академија на науки објавува обемно истражување за тоа што може да се направи за американското земјоделство да престане да предизвикува климатски промени, а притоа да не се влијае штетно на здравјето на популацијата. Главен заклучок, ако сите свртат на веганство би се случила катастрофа.

Адолф Хитлер и останатите нацисти вегани

Да не вадиме подлабоки равенства ама повеќе лични исповеди покажуваат дека Хитлер е сериозен вегетаријанец, а и овие новите безмозочници што се палат на него тргаат по ист пат.

Ако сакаш да спасуваш животни само треба да не јадеш пилешко

За годишната исхрана на просечниот Американец се колат 25 животни. Од овие 25, 22 се кокошки / пилиња, па ако престанеш да јадеш пилешко, ќе поштедиш 22 од овие 25 животни, а притоа растот во консумацијата на другите животни нема да биде страшно голем. Кој вика тоа? Активистот за права на животни Мат Бел. П.С. 84% од луѓето што стануваат вегетаријанци, се враќаат на јадење храна од животинско потекло.

Вегетаријанците и веганите мислат дека не убиваат животни. Ама, убиваат.

Клучниот аргумент на веганите и вегетаријанците со кои ја докажуваат етичката супериорност на нивниот начин на исхрана во однос на месојадците е дека животни не страдаат од тоа што тие го јадат. Како да кажеме а тоа да биде вегански просто к'о грав: неточно.

Веганска борба за веганско-коректен свет

Впрегнувајќи од тоа неисцрпна моќ за перпетуум-незадоволство, веган бара забранување на стара детска песна за "човек што убива лисица".

Фудбалерите кои газат на органска трева и јадат леќа

Мислите ли дека ќе се појави екипа која од исхрана ќе исфрли месо, риба и сè друго што е од животинско потекло? Да, го добивме првиот фудбалски клуб составен од вегани. Додуше игра во петта лига, ама добро му оди за сега и се надеваме дека нема да издише.

За туѓи пусти вегани

Фаза 1: Боливијската и перуанската сиромаштија се прехранува со една евтина локална житарица. Фаза два: Житарицата станува фенси храна во западните вегански кругови. Фаза три: цената на житарицата оди во небо и јадниците од Андите веќе не можат да си ја дозволат. Решение? Нека јадат колачи од тофу.