Исходот на моделите во кои животните комплетно се отстранети од исхраната е следен:
- Храната што е достапна за јадење во САД се зголемува за 23%, главно од причина што сега има многу повеќе житарки кои претходно се користеле за исхрана на стоката (како пченка и соја).
- Оваа промена значи дека залихата на голем број хранливи состојки ќе биде на рекордно ниво, надминувајќи ги со огромна разлика количините потребни на американската популација. Тука вклучувајќи јаглехидрати, магнезиум, бакар и цистеин.
- Ова исто значи дека и резервите на некои хранливи материи поврзани со животни ќе се намалат. Меѓу нив калциум, витамин А, витамин Д, Б12 и неколку масни киселини.
„Многу е едноставно, има одредени хранливи материи кои не можеме да ги добиеме консумирајќи само храна добиена од растенија.
И ова зборува за нашата еволуција како сештојади,“ објаснува Мери Бет Хол од одделот за истражување на американскиот департман за земјоделство.
Во студијата не се спори можноста растителната храна да ги исполни хранливите потреби на еден човек, и научниците ги поддржуваат експертите кои повикуваат повеќе да се консумира овошје и зеленчук. Проблемот е кога веганството како пракса ќе се крене на ниво на 100% од популацијата, што ако се има предвид дека и денес голем број луѓе имаат проблем со здрава исхрана, никако нема да заврши добро за јавното здравје.
Едно од решенијата што се предлага е во „индустријата на чисто месо“, односно месо одгледано во лаборатории. Ова месо се произведува со земање клетки од животни кои потоа се одгледуваат во биореактори како парче месо, без потреба да се убиваат животни.
Во моделот без животни емисијата на стакленички гасови од земјоделството се намалила за 28%, што во вкупното загадување што го произведува САД изнесува само 2,6%. Процените се дека на одгледувањето храна, растенија + животни, во САД отпаѓаат околу 9% од вкупното американско загадување со стакленички гасови. Слаба страна на овој дел од пресметката е што ја зема предвид целата група стакленички гасови, притоа не разликувајќи ги на пример помалку потентниот јаглерод-двооксид од метан кој го создаваат животни.