Логиката е следна, уверувањата на веганите се заштитени со британските закони за работни односи, а едно од уверувањата е дека животни не треба на никој начин да се малтретираат. Иако вакцините не содржат ни трага од животински продукти, тие во една фаза се тестираат на животни што го прекршува погорното уверување.
Процената е дека околу половина милион Британци кои не консумираат животински производи нема да мора да ги почитуваат новите правила за задолжително вакцинирање на работната популација на Британија.
Заради заштитата што ја има етичкото веганство во Британија, работодавците ризикуваат да бидат тужени ако им наредат на веганите да се вакцинираат.
„Некои етички вегани може да одбијат да бидат вакцинирани по основа дека вакцините неизбежно биле тестирани на животни.
Етичкиот веганизам претходно беше прогласен за верување кое треба да биде заштитено,“ објаснуваат за Телеграф од адвокатската фирма Левис Силкин.
И покрај оваа опција, Веганското друштво ги поттикнува луѓето да одат и да се вакцинираат, бидејќи во основа е многу поважно да си вакциниран отколку да се држиш до веганските начела.
Заради вака поставените работи, адвокати предупредуваат дека „некој што е анти-ваксер ќе почне да тврди дека анти-ваксерството е филозофско уверување.
Мислам дека ова ќе доведе до многу интересен развој кај законите за дискриминација во претстојните месеци и години.“