Веганско гледа, сол вади

Еден од начините да ги збогатиш и нагласиш вкусовите на некое јадење е да му ставиш некаква животинска маст (млеко, сало, лој, путер...). За тие што одлучиле да се лишат од овие благодати на природата, алтернативата е - сол, и тоа многу.

80% од веганската понуда (4 од 5) во рестораните во Британија треба да добие црвена налепница за високите количества сол во храната, заради голем број пресолени јадења „што се нудат затскриени под плаштот на веганско здравје.“

Истражувањето на „Action on Salt“ открило дека 3 од 5 растителни ресторански оброци содржеле 3 или повеќе грама сол, што е половина од максималното количество сол што возрасен треба да го внесе.

Во најголемата студија на темава до сега, опфатени се 45 вегански ресторани од Британија, од кои се анализирани 290 кари сосови, пици и други јадења. Најголемиот негативец е пица на Папа Џон'с која имала 9,28 грама сол (што е повеќе од хамбургер од Мекдоналдс), а кај синџир ресторани за морска храна имало порција печен карфиол и кари, кој содржел 8,65 грама сол.

Од организацијата обвинуваат дека рестораните го искористуваат „плаштот на веганско здравје“ за да продолжат „да нè дават во сол и заситени масти.“

Нивната критика е дека рестораните сериозно заостануваат зад супермаркетите во однос на обележување на хранливоста и состојките на нивните менија.

10 март 2020 - 09:54