За тие што некако успеале да ја прескокнат оваа лекција заради која било причина, природно ѓубриво е измет од стока, и крупна и ситна (крави, овци...), кој каква има на располагање.
Алармот околу ова го крева еден 45-годишен веган кој живее на сопствена мини-фарма, и е „влијателен член на мала но растечка група вегани и органски вегански (veganic) земјоделци која сака да го револуционизира органското земјоделство кое традиционално зависи од животински нус-производи како измет од говеда“.
„Има малку несогласување, па дури и хипокризија, меѓу веганите... Ние веганите сакаме на нашите чинии да ставиме зеленчуци одгледувани со методи кои се многу не-вегански.
Најголемиот дел од органското земјоделие е фокусирано на измет. Измет од крави, животински измет, но исто така и прашоци добиени од крв и од коски,“ објаснува Вил Бонсал.
Ова е директно спротивно на основите на веганството, каде избегнувањето на животински производи и нус-производи се прави заради здравствени, еколошки и етички причини.
Аргументот на Бонсал е дека користењето на природно ѓубриво како измет од крави е давање директна поддршка на индустриското одгледување месо, и дека како такво тоа е неетично.
Пресврт во целата работа е што токму не-органското земјоделие на индустриско ниво е целосно веганско бидејќи се користи синтетичко хемиско ѓубриво, кое не е добиено од животни и им дозволува на растенијата да растат поголеми (што не ги поништува другите штетни нус-појави од нивно користење).