Голоракиот касапски еснаф оставен сам против разузданите вегански банди

Француски касапи во официјален допис до француската влада бараат заштита од милитантните вегани, обвинувајќи ги дека се обидуваат да ја блокираат и да ја лишат Франција од културата на јадење месо.

Француската федерација на касапи се жали дека дуќаните на нивните членови се каменувани или сквернавени со графити и налепници, а само во последните неколку месеци на излозите на 15 месари се истурени кофи со крв.

„Овие луѓе сакаат да влеат страв, нивната намера е да исчезне цел еден дел од француската култура,“ пишува претседателот на Федерацијата, Жан Франсоа Гијар, во писмото до владата.

Според Гијар веганите сакаат на „огромното мнозинство од популацијата да и го наметнат својот животен стил, па дури и идеологија.“ Во студија од 2016, околу 3% од Французите изјавиле дека се вегетаријанци.

„Веганскиот начин на живот е претерано величан од медиумите,“ се жали Гијар, според кого токму тоа придонесува кон раст нетолерантноста.

Во март еден вегански активист доби условна казна затвор, откако на Фејсбук објави дека убиството на касап од страна на исламистички милитант е „правда.“


Кога сме веќе кај месо, препорака за документарец на темата превкусно месо:

27 јуни 2018 - 10:31