Форест Грин Роверс од англиска конференција е првиот фудбалски клуб во историјата чии фудбалери станаа вегани. Тие укинаа хамбургери, месо, риба, млеко, сирење, кашкавал и се фрлаат целосно на здрав живот.
Претседател на клубот е Дејл Винс, инаку извршен директор на првата компанија за чиста енергија во светот и партнер на Гери Невил во фондацијата „Sustainability in Sport" (Одржливост во спортот).
„Фудбалот и животната средина се уникатна комбинација, бидејќи ни овозможуваат да се бориме против стереотипите според кои да се живее “зелено“ значи да се јаде само леќа, да се носат сандали и да се откажеш од сè“, вели сопственикот на клубот.
Трансформацијата на Форест Грин Роверс почна уште во 2011-та. Винс тогаш стана нов газда, а дресовите од црно-бели станаа зелени. Тој не го смени само менито во клубот, туку и тревата која е направена од органски билки и без никакви хемикалии.
Екологистот не користи струја за стадионот на англискиот петтолигаш, туку тоа го има решено со соларни панели. Новиот начин на исхрана за сега не влијае кај фудбалерите кои се наоѓаат на втората позиција на табелата на само бод зад лидерот.
Тие имаат историска шанса за прв пат во 127-та историја на клубот да се изборат за пласман во четврта лига. Прв стрелец во екипата им е 34 годишниот Џон Паркин со 10 гола кој изјави:
„Понекогаш ми се каснува по малку мевце. Знаете, има навики кои тешко се менуваат, па дури и за доброто на планетата“.