54-годишната Ву Меј Хо веќе е во затвор во Сингапур каде ќе остане уште едно десет години.
Жената повеќе од осум години ги малтретира и злоупотребува своите следбеници убедувајќи ги да и ги предадат сите свои пари за кои тврди дека ќе бидат искористени за градење на храмови во Индија.
Во исто време членовите кои не ја почитувале Ву биле брутално казнувани со бодење со ножици, терање еден на друг следбеник да си вадат заби со клешти и во еден случај присилување на една жена да скокне од втор спрат при што си ги крши и двата зглоба.
Следбениците биле тепани и со стапови, уметнички четки, а на сериозно повредните не им била дадена ни медицинска нега, туку им било препишано да користат „света вода“. Во одредени случаи тие биле присилени и да јадат човечки измет.
Системот бил прилично едноставен, се работи за група која верува во индискиот духовен лидер Шри Сакти Нарајани Ама, а Хо, од позиција на божество, ги убедува следбениците дека редовните исплати одат за Ама во Индија и дека на тој начин ја чистат својата „лоша карма“.
Таа исто така ги убедувала луѓето, од кои многумина барале начин да се излекуваат себе си или некој близок, дека боговите ќе ги казнат ако лажат колку пари имаат. Освен што им ги собира парите со кои располагаат, таа инсистира тие да земаат кредити за да и купуваат куќи, станови и возила како „облик на обожување“.
Дел од членовите биле присилени да дадат отказ на работа, а од една третина од нив било побарано да живеат со нејзе и да работат како нејзини слуги.
Сето ова е откриено во 2020 кога неколку следбеници ја пријавуваат во полиција, по што таа е уапсена во октомври истата година.