Макималната казна затвор за такво дело ја доби 46-годишната Меган Хас која менаџирала со фирма за погреби, но истовремено, од истата зграда управувала и со донаторски сервиси.
Нејзината 69-годишна мајка, Ширли Кох, која своерачно ги транжирала телата, е осудена на 15 години.
Судскиот случај против двете жени беше инициран од истражувачка сторија на Ројтерс од 2018-та, во која вработени во погребното сведочеле за тоа што се случува зад затворени врати во погребното во Колорадо.
Измамите се однесувале и на кремирања. Наплаќајќи и по 1.000 долари за непостоечки кремирања, тие измамиле преку 200 семејства.
Научните институциите што ги откупувале органите се изоставени од постапката, под претпоставка дека не знаеле на кој начин се прибавени органите.
Во САД е нелегално да се продаваат органи како срца, бубрези и тетиви - тие мора да бидат донирани. Меѓутоа, продажбата на некои други делови како што се глава, раце и р'бети, со кои тргувала Хас, не се регулирани со федералните закони.
За разлика од нејзината мајка, Хас одбила да преземе одговорност за стореното. Нејзината адвокатка пак, смета дека е нефер за неа да се зборува како за вештерка, чудовиште или изрод, вели, се работи само за скршена жена чии постапки се резултат на повреда на мозок што ја претрпела кога имала 18 години.