Фрикови

Нит се бањаме, нит смрдиме

Ги има такви и по 15 години што не влегле под туш или во када и тврдат дека мирисот постои само првите неколку месеци. Така што, кога сте до нив на каса или во автобус, само трпение.

Епстин, милијардер, силувач, педофил, размножувач на човештвото

Човекот обвинет за трговија со луѓе и мерак на малолетни Источноевропејки, своевремено имал план за унапредување на човештвото со тоа што масовно ќе затруднува жени на неговиот ранч во Ново Мексико.

Убиство од размазување?

Лошо: Син го убива својот татко. Дебилно: Затоа што му го укинал џепарацот. Аман: На 30-годишна возраст.

Шамарот Василиј стигна до Гардијан

Земјоделец од Сибир е многу прецизен и прифатлив опис на Василиј Камотски, дивоградбата од човек што отшрафуваше глави на првенството во мавање шамари во Сибир.

Крај достоен на имиџот

Речиси 200 кила тежок Американец е најден мртов во ресорт во Тајланд прочуен по проституција. Излезе дека ова не е прв пат медиумите да имаат пишувано за човеков.

Како од Фејсбук и Гугл да украдеш 122 милиони долари а да не те фатат?

За она второто, одма да признаеме, не знаеме. За првото дознавме од случајот со еден Литванец. Праќај им сметки (за било што) и тие си плаќаат.

ПЕТАрди

Складно со имиџот на немање основна човечка пристојност, организацијата за заштита на животни (и убивање бездомни кучиња) ПЕТА одлучи дека е ред да го нападне Стив Ирвин на денот на неговиот 57-ми роденден.

Абортусот од рајот е излезен

Без да натураме решенија, подеднаква превенција од проблемов што го имаат родителите на 27-годишниов Индиец е мастурбација или контрацепција.

Инстаграмџија на денот

Пол Фларт не е ниту фотограф, ниту дизајнер, ниту инфлуенсер, „паблик фигур“, експерт за здрава-органска-нонГМО-веган-raw храна или травел блогер. Фларт работи обезбедување, она лежерното, не вратарско. Барем работеше додека неговиот Инстаграм профил не се популаризираше, а тој заврши избркан од работа.

Американци ќе ја пукаат Ирма

Еден дечко ја започнал иницијативата од досада и желба на зезање, но се зачудил колку многу Американци се спремни со оружје в рака да му се спротивстават на непријателот. Макар тој се викал Ирма и по идеологија бил ураган. 

Шкрели не може да најде порота која не го мрази

Адвокатскиот тим на Мартин Шкрели се соочува со консеквенците од она на кое тој своевремено беше многу горд: сите да го познаваат како ѓубре од човек.

Геолог-христијанин го тужи Гранд кањон за верска дискриминација

Како што гледате, во самиот наслов има многу работи за објаснување. На пример, што е геолог - христијанин?

Рускиот хакер за чија глава ФБИ дава 3 милиони долари

За дојава која ќе води до апсење на Евгениј Богачев ФБИ ја понуди досега најголемата награда за сајбер криминал (за Караџиќ и Младиќ беа понудени 5 милиони). А типот е како да е излезен од роман на Иан Флеминг.

Бајачките се обединуваат против Трамп

Дури ни Мајк Мур не мислеше „до толку“ кога повика на широк граѓански фронт против Трамп и пишуваше упатство за делување. Бајачки и вештерки низ цела Америка се подготвуваат синхронизирано да му фрлат урок на човекот кого сам по себе многумина го доживуваат како клетва. Имаме упатство и за ова...

Протест пред Руската Дума

Храбра Русинка излезе пред една од најмоќните институции во светов, руската Дума, за да го изрази својот револт за проблем за кој вели дека не треба да се молчи. Тагови: социјални мрежи, цицки. 

Затвор за вежбање клавир

Мала пакосна одмазда за сите оние анонимни жртви кои во животот некогаш имале комшии убедени дека нивното најмило има особен талент за музика па му купиле инструмент., обично од најгласните. "Го гледам, одма ја фаќа мелодијата" гласи најчестата објективна рецензија на амбициозниот родител кој со мелодија обично се среќава само на слави и други веселби. Е па, купи му кавал и нека вежба во планина.

Кога таткото ќе најми убиец на синот

На Запад постојат клиники за одвикнување од онлајн игри и други интернет зависности. Во Кина проблемот го решаваат поинаку.

Осмели се Делфина

Еден дечко од Лондон толку го зафатила олимписката еуфорија што дошол на идеја да го преплива Атлантскиот океан. Тргнал од Франција и најавил да го чекаат во Њујорк.

Лакомата ќе го јаде

Обвинетата: Друже судија, собирав бонови за храна затоа што бев невработена. Обвинителот: Ама доби ли во кеш 735.000 долари на лотарија? Обвинетата: Па, да.