Абортусот од рајот е излезен

Без да натураме решенија, подеднаква превенција од проблемов што го имаат родителите на 27-годишниов Индиец е мастурбација или контрацепција.

Рафаел Самуел од Мумбај планира да ги тужи своите родители затоа што го создале и родиле без него да го прашаат. Дечкото е „чајлд-фри“ активисти, кој верува дека децата не треба да бидат присилени да се ги трпат маките на животот.

Плус на ова тој носи и титула „анти-наталист“ која се однесува на неговото верување дека родителите немаат право да создадат и родат дете, ако истото не дало согласност да биде родено. (?(???))

Од ова верување потекнува и неговата намерата да ги тужи родителите што го родиле.

И покрај сето ова горе кажано, тој тврди дека има „одлична врска“ со нив.

„Ги сакам моите родители, и сум во одлични односи со нив, ама тие ме создале заради нивна радост и среќа.

Мојот живот до сега беше извонреден, ама не гледам зошто би требало некој друг живот да го измачувам да минува низ училиште и наоѓање работа, посебно кога тој не побарал да постои,“ објаснува Рафаел.

5 февруари 2019 - 11:42