25 годишната Аманда Клејтон од Мичиген е обвинета за измама на државата и злоупотреба на социјални бенефити откако освоила милионски џек пот.
Наградата изнесувала еден милион долари а таа одбрала веднаш да и бидат исплатени 735.000 долари. Тоа не и билои доволно за да престане да зема бонови за храна и да користи бенефицирани здравствени услуги наменети за социјално загрозени лица.
Вкупно искористила 5,475 долари а може да заврши со затворска казна од 4 години.
Државата Мичиген одвојува 250 милиони долари од својот буџет за да ги прехрани најсиромашните.