Осмели се Делфина

Еден дечко од Лондон толку го зафатила олимписката еуфорија што дошол на идеја да го преплива Атлантскиот океан. Тргнал од Франција и најавил да го чекаат во Њујорк.

34 годишниот Биратенц во француското туристичко местро Биариц бил на одмор со пријателите. Еден ден им рекол дека тргнува да го преплива Атлантикот "за да го пренесе олимпискиот дух на другиот брег".

Овие не го рачунале за озбилно па го пуштиле. Му рекле, ако треба нешто, викај. Спасувачките служби знаеле за неговата намера но го пуштиле да поплива, сè додека не им се изгубил од видик, по што биле пратен хеликоптер со спасувачи за да го приберат.

На екипажот им рекол дека е одличен пливач и дека се чувствува подготвен за таков предизвик.

 

31 јули 2012 - 10:10