Мајкл Мур: Направете ги овие 10 работи и Трамп е готов

Мајкл Мур состави упатство во 10 точки за реметење на мандатот на новиот претседател. Убеден е дека ако граѓанскиот отпор одигра мрежно и упорно, Доналд Трамп нема долго да трае.  

Прво да сумираме нешто што сите знаеме дека е вистина: Трамп е во длабоки, длабоки проблеми - во џеб на Русите, опкружен со радикално десничарски идиоти, сам во бањарка во главно празната Бела куќа.

Само еден месец од неговото таканаречено претседателствување а веќе имаме добри вести бидејќи американската политичка сцена изгледа вака:

Десетици илјади граѓани од целата земја ги преполнија канцелариите на конгресните дистрикти и градски власти за да го изразат  гневот од агендата на Трамп  - еден републикански конгресмен, после тричасовен вербален масакр од неговите гневни гласачи, на телевизија изјави: „Да бидеме искрени, тие (поддржувачите на Обамакер) победија“.

Федерален суд ја сопре првата трампова забрана за муслиманите - всушност 4 федерални судови донесоа одлука против него. Тој го признава поразот и нема да пушти апелација на Врховен (иако ќе проба со некоја нова забрана - и нека ти е со среќа, ти сину на шкотски имигрант).

Прогресивниот демократски конгресмен Кит Елисон изгледа ќе се трка за шеф на Демократската партија за да го среди целиот хаос во неа. Исто така, почнаа регрутирања на најдобрите локални кандидати за изборите во 2018. Милиони луѓе се решени да не дозволат уште еднаш да се повтори дебаклот од декември 2016-та.

Нашата прекрасна Армија на комичари, со нејзината чета на сатиричари предводени од Алек Болдвин и Мелиса Мекарти - растураат! Разорното имитирање на портпаролот Шон Спајсер од страна на Мекарти го доведува Трамп до точка во која може и да го отпушти Спајсер. Тој едноставно не може да поднесе негов врвен соработник да биде претставуван од  - жена.

Значи, сега е моментот - и ако посветите само малку време да го спроведеме долунаведениот план за акција - убеден сум дека ќе успееме да ги сопреме мрачните сили каков што е Трамп. На секоја кривина можеме да го сопнуваме и на крајот да го срушиме.

Значи, да почнеме со нашиот..

ПЛАН ВО 10 ТОЧКИ ДА СЕ СОПРЕ ТРАМП

1. Дневен телефонски повик. Мора да му вртите на Конгресот секој ден. Да, вие! Бројот е 202-225-3121 (или 202-224-3121 ако првиот е зафатен). Ќе ви одземе две минути и затоа направете го дел од вашата секојдневна утринска рутина без да му ја мислите:
- се будиш
- миеш заби
- го шеташ кучето (или зјапаш во мачката)
- правиш кафе
- му вртиш на Конгресот

Не сте свесни колку тој телефонски повик може да значи. Политичарите се вадат од памет и ако добијат 10 повици на една тема, замислете како ќе им биде со 10.000. И не е оправдување за невртење ако вашиот претставник е демократ. Јавете му се сепак, кажете му што мислите, нека знае за вашата поддршка. А еве и добри вести: некој веќе им направено апликација за тоа, се вика „5 повици“, побарајте ја во Апстор. Апликацијата ќе ви го сврти телефонот и ќе ви понуди поенти за разговор со вашиот претставник.

2. Месечна посета на Конгресот или неговите локални канцеларии во вашето место.

3. Со пријатели формирај своја единица за брзи интервенции.

4. Зачленувај се во добри и квалитетни здруженија на граѓани.

5. Потруди се импресивниот женски марш никогаш да не заврши и да биде видлив за Трамп.

6. Преземи ја Демократската партија.

7. Помогни да се формираат сини (демократски) региони на отпорот.

8. Кандидирај се.

9. Стани медиум.

10. Придружи ѝ се на Армијата на комедијата.

***

* детали околу точките на туторијалот - овде

22 февруари 2017 - 09:19