На неколку недели пред гласањето во 2016 кога медиумите само што не ја преселија Хилари во Белата куќа, Мајкл Мур, на сериозна лична штета, јасно порача дека Трамп ќе победи. И така бидна. За сега, има само предупредување дека тоа може да се случи.
Зборувајќи за мантрата од добата на Обама, Мајкл Мур промовирајќи го својот анти-Трамп документарец ја опиша „hope“ идеологијата на поранешниот американски претседател како „мрзливо решение“.
Трамп може нема да го освои мнозинството од гласачите, ама како што сега стојат работите сигурно ќе го освои мнозинството гласови од изборниот колеџ, порачува истиот човек кој уште во јули 2016 беше меѓу првите луѓе од меинстрим левицата кој предвиде пораз на Хилари.
Кога пред една година (време во кое сериозно големото мнозинство либерали беа блажено среќни во својата увереност во победата на Хилари) Мајкл Мур предвиде дека Трамп ќе биде победник на изборите најголемиот дел од "неговите" не се мачеа ни да се нервираат со тоа што го збори, туку свртеа на смеење.
Мајкл Мур состави упатство во 10 точки за реметење на мандатот на новиот претседател. Убеден е дека ако граѓанскиот отпор одигра мрежно и упорно, Доналд Трамп нема долго да трае.
Филмаџијата кој се чинеше осамен крик кога наброи 5 работи зошто ќе победи Трамп и уште летоска им порачуваше на Американците да се навикнат да ги изговараат зборовите "претседателот Трамп", објави листа од 5 работи кои мора да се направат веќе првиот ден по поразот на Хилари.
Баталете ги анкетите и сондажите по кои Хилари е во сериозна предност, порачува филмаџијата Мајкл Мур кој останува на својата теза дека Доналд Трамп ќе стане претседател на САД првенствено како гневна реакција на граѓаните кон системот.
Документарецот-изненадување, кој почнал да се снима пред само 12 дена, е многу повеќе обид Мур да ѝ помогне на Хилари Клинтон пред финишот во претседателската трка, отколку што е некаков портрет на Трамп. Ама па не дека е многу нежен кон него.
Снимателот на документарци изјавил дека "со сигурност" знае дека Доналд Трамп не сака да биде претседател на САД и тврди дека републиканскиот кандидат сега ја саботира сопствената кампања за да го избегне претседателскиот мандат.
Еден од проблемите на Мајкл Мур во правењето на "Sicko" е документарецот да не им излгеда како научна-фантастика на Американците, а сепак во него да има факти од животот во Европа (конкретно Норвешка). Решение? Ќе стишиш малку тоа фактите, за да не мислат дека измислуваш работи. П.С. Мајкл Мур е на чекор од комплетна трансформација во Џаба Хат.
Неговиот нов филм „Кoго да нападнеме следен" оваа недела го отвори филмскиот фестивал во Торонто. По тој повод Мајкл Мур за Гардијан уште еднаш ги искажа своите ставови - дека современа Америка е рамна на јужноафриканскиот апартхејд, дека ја подржува Хилари, но и сите јаки жени во уметноста и во политиката. Она што е необично е што филмот е оценет како „весел“ и „оптимистичен“.
Се разведува најпознатиот и богами најбогат правдољубец на светот. Извори блиски до Мајкл Мур велат дека е спремен да ѝ даде десетици милиони долари на досегашната сопруга за да ќути за нивниот брак и начин на живот.