„Надежта е пасивна. Надежта ти дозволува да остави друг да ти ја заврши работата. Надежта го тера луѓето да веруваат дека објавување на даночните документи за Трамп, дека снимката со уринирање, дека ФБИ или порно ѕвезда ќе ја спасат државава. Надежта и пасивноста што доаѓа со нејзе нè доведе до тука. Тоа е мрзливо решение.
Не ни треба надеж, ни треба акција,“ изјави Мур во интервјуто за Хафингтон.
Без забуни, метафори или скриени мислења Мур во интервјуто најотворено порачува: „Заеби надеж. Сериозно, заеби надеж. Заеби и очај. Ама заеби надеж.“
Мур, како човек кој сред анкети кои без никакво двоумење веќе и го имаа доделено мандатот на Хилари потрефи дека Трамп ќе заврши како претседател на САД, за американскиот претседател објаснува:
„Доналд Трамп е зол гениј. Тој нема намера да ја напушти Белата куќа. Секогаш кога ќе чуе дека друга држава има доживотен претседател, тој се возбудува и си помислува ’ми се допаѓа како звучи тоа!’ И тој има послушна политичка партија која ги држи сите столбови на власта за да му даде поддршка.
Американските школи по новинарство ги немаат обучено своите студенти за покривање на авторитарен лидер. Нашите медиуми немаат претстава против што се спротивставени. Тие се прегазени од тиранинот бидејќи Трамп ги разбира медиумите и ја разбира државата во која живее повеќе отколку оние кои треба да известуваат за него. Ова нè става сите нас во смртна опасност. Ако ништо друго, се надевам дека овој филм ќе ја покаже на виделина таа смртна опасност и ќе им го покаже излезот на луѓето,“ објаснува Мур.
Премиерата на неговиот нов документарец „Fahrenheit 11/9“ ќе биде на 21 септември.