577 луѓе на возраст од 18 до 88 години гледале 9 минутно видео од старата телевизиска серија „Алфред Хичкок претставува“ - поточно, епизодата наречена „Банг! Мртов си“. Притоа биле скенирани за да се види како се менувала мозочната активност додека гледале.
Претходни истражувања покажале дека, во споредба со други видео клипови, баш овој клип ги предизвикува најсинхроните шеми на мозочна активност кај широк спектар на гледачи што го прави идеален за проучување на тоа како мозокот ги следи настаните што се одвиваат.
Во текот на осумминутниот клип, мозоците на постарите учесници поретко се префрлале во нови состојби на активност, а тие состојби на мозокот траеле подолго кај нив отколку кај помладите учесници.
„Ова сугерира дека подолгите (следствено, помалку) невронски состојби во истиот период може да придонесат постарите возрасни лица да имаат чувство дека времето минува побрзо“, напишаа истражувачите.
Ова се совпаѓа со идејата за времето што датира од Аристотел: Колку позначајни настани се случуваат во даден временски период, толку подолго тој период субјективно изгледа.
* Препорака за читање: Филозофија на досадата
Новите резултати ја потврдуваат можноста дека ако мозоците на постарите лица евидентираат помалку „настани“ во даден временски период, можеби затоа ним времето им лета.
Но, други потсетуваат дека секој од нас има две временски скали.
Општеството го дели времето линеарно на часови, денови и години, додека нашата внатрешна скала ги следи логаритамските закони. На пример, една година е 20% од животот на 5-годишно дете досега, но само 2% од животот на 50-годишник. Затоа, перцепцијата на времето зависи не само од бројот на невронски „настани“ во мозокот, туку и од внатрешниот нелинеарен начин на кој го мериме времето.