Од Англија, од 19-от век, време во кое живеел англискиот крал - тогаш принц од Велс - Едвард Седми.
Едвард сакал да јаде. Многу. За појадок - цел послужавник јајца и сланина, за ручек му носеле ридови печено телешко а за вечера имал "воз" со 12 јадења.
Нормално, почнал стомакот толку бргу да му расте што не успевал да стигне да се прекрои па откако сфатил дека му е тесно рубата, почнал редовно да го откопчува долното копче.
Во време кога не постоеле тв и пејачки ѕвезди, аристократи од калибарот на Едвард ја диктирале модата па неговото откопчано копче веднаш било забележано. Трендот тргнал, мажи од сите големини почнале да ги носат своите одела на истиот начин.
Тоа не е единствениот моден тренд кој го започнал Едвард. Нему му се припишува и фракот. Кога уште бил принц, сакал малку поудобна алтернатива на екстремно формалните правила за вечера па се решавал за тегет сако, црни пантолони и пеперутка. Во 1886-та, неговиот американски пријател Џејмс Браун Потер ја донесува оваа комбинација во њујоршкиот Туксидо Парк и оттогаш се раширува по свадбени и дипломски забави.