Јавното здравство и државните болници веројатно се деветтиот круг од балканскиот пекол. Здрав човек да влезе во нив ќе се разболе, не па во таа чемерна атмосфера да очекуваш подобри денови. „Само Господ здравје да дава“ е кристално јасна желба дури и за атеисти и саморазбирлива за сите што морале да стапнат во некоја од тие тажни установи. Но, не мора баш секогаш да е така.