Во 2016 Трамп имаше 3 милиони гласови помалку од Хилари на ниво на САД, но доволно мнозинство во клучните сојузни држави, за на крај со помош на изборниот колеџ комотно да стигне до претседателската функција.
Сега Мур предупредува дека на изборите во 2020 ова ќе му успее на Трамп и со минус од 5 милиони гласови.
„Верувам дека кој и да е демократскиот кандидат следната година, тој/таа ќе освои 4 до 5 милиони гласови од народот, повеќе.
Проблемот е... ако гласаме денес, што верувам дека Трамп ќе ги освои клучните сојузни држави за добивање на гласовите од изборниот колеџ, бидејќи, ви кажувам како човек што живее таму, поддршката за него во тие места не е мрдната ни еден инч.
Всушност, би кажал дека таа е поголема отколку порано, бидејќи тие сега се уплашени. Тие се уплашени дека тој би можел да изгуби затоа што го гледаа како се однесува. Па сега се уште поалчни во нивниот апетит за Доналд Трамп,“ објаснува Мур.
Вториот дел од неговото предупредување до демократите е дека ако сакаат да победат да не избираат таканаречен „умерен кандидат“ и со тоа на гласачите да им дадат „уште една Хилари Клинтон“.
„Ако тргнеме по тој пат гарантирано е дека ќе го изгубиме изборниот колеџ. Ќе победиме кога на гласачкото ливче ќе ставиме некој што ја возбудува базата - жени, луѓе од националности, млади луѓе,“ порачува филмаџијата.
Претходно Мур му даде поддршка на Берни Сандерс, но изјави дека би бил задоволен и ако Ворен ја добие номинацијата.
Во американските избори секоја сојузна држава добива одреден број електори според бројот на претставници во Конгресот. Секој електор е еден глас во претседателските избори. Така Вајоминг има 3 електорски гласови, а Калифорнија има 55. Вајоминг има 580.000 жители или еден глас на 193.000 жители, Калифорнија има 40 милиони или 1 глас на 700.000 жители.
Целта на електорскиот колеџ е поголемите сојузни држави да не можат со својата волја да се „изживуваат“ врз помалите. Последицата од ова е што кандидатите треба да се трудат да освојат само просто мнозинство од гласачите без да се трудат за повеќе гласови, друга последица е на пример Доналд Трамп.