Таг: американски претседателски избори 2020

Трамп упорен околу претседателските избори... 2020-та

Најдобро е во моментов да се укине Уставот на САД за да се поништат резултатите од претседателските избори 2020 и Доналд Трамп да се врати на власт во Белата куќа, препорачува Доналд Трамп.

Како Трамп упорно ги победува анкетарите

По 4 години штимање на своите равенки за да не им се повтори резилот од претходните избори, во 2020 анкетарите повторно утнаа околу бројот на гласови што Трамп ќе го освои на изборите.

Зошто толку многу Американци гласаа за Трамп?

Да, Трамп изгуби на изборите, ама... во поразот успеа да собере повеќе гласови отколку кој било друг претседател во историјата на САД, а таму каде што Бајден победи разликата главно беше маргинална, и сето ова по 4 години Трамп и катастрофално справување со ковид-19 пандемијата.

Трамп веста за поразот ја доби на голф терен

За време на кампањата 2016 Трамп инсистираше дека ретко, ако и воопшто, ќе игра голф доколку стане претседател, затоа што едноставно ќе биде презафатен со работа. За време на 4-те години мандат, Трамп ретко кога пропушти шанса да биде на голф терен. Во саботата, таму и ја дозна веста дека Бајден е следниот претседател на САД.

Џо Бајден победи на изборите во САД

Во 11:25 по источно време (17:25 по македонско), Асошиејтед прес објави дека Бајден победил во Пенсилванија, и со тоа дека ги освојува и изборите во САД.

Без разлика кој ќе победи во САД, анкетарите повторно излегоа лузери

Увереноста со која анкетарите зборуваа за брза и голема победа на Бајден беше поголема и од дебаклот во 2016 кога Хилари уште во септември ја гледаа како победник. Откако четири години ги прочистуваа и унапредуваа своите методологии, анкетарите годинава се колнеа во три работи: лесна победа на Бајден, преземање на Сенатот од демократите и зголемување на нивната предност во Претставничкиот дом. Ништо од ова не се случи, плус им се намали предноста во Претставничкиот дом.

Бајден потрошил 99,8 а Трамп 92,5 милиони долари само на реклами на Фејсбук

Се работи за првите 10 месеци од годината, а парите што ги имаат потрошено само на Фејсбук се два пати поголеми во споредба со буџетот од 2016 потрошен на истата социјална мрежа. Една четвртина од овие пари е потрошена само во октомври.

На Трамп ќе може да му го гасат микрофонот на следната дебата

22-ри октомври е третата (технички втора) и последна дебата меѓу Трамп и Бајден пред американските претседателски избори во ноември, а со тоа е и последна шанса за двајцата да се покажат барем пред своите кога и онака никој не се обидува да ги придобие тие од карши.

Кој победи во прва рунда?

Во дебата која беше политички еквивалент на гаѓање со храна, победник беше човекот кој заврши помалку размачкан со помија, пишува Би-би-си.

Не сме Бранко и Љубчо, ама би сакал да правиме тест за дрога

Доналд Трамп повика тој и Бајден да направат тест за дрога пред нивната прва дебата закажана за следниот месец.

Трамп повика на одложување на претседателските избори 2020

Ноемвриските избори треба да бидат одложени бидејќи зголемениот обем на гласови преку пошта може да доведе до измама и неточни резултати, порача американскиот претседател.

(Американските) избори како порција измет

Ако на некого му кажеш - Пред тебе има порција со измет, и ти треба да изедеш само една половина, а не целото, тоа и понатаму е порција измет, го сумира поранешната ко-претседателка на кампањата на Берни Сандерс изборот што Американците го имаат во ноември.

Клади се на Трамп

Бајден моментално има значителна предност на најголемиот дел од анкетите, а Трамп и понатаму е под опсада заради задоцнетиот и неадекватен одговор (за најбогатата земја на светот) на коронавирусот, и во ваква ситуација, на денешен ден, инвеститорите и кладилниците, предност му даваат на Трамп како победник на претседателските избори во САД.

Берни Сандерс, скоро па крај

По поразот на Супер вторникот, Сандерс целата надеж ја стави на вчерашното гласање во кое демократите од 6 американски сојузни држави го даваа својот глас. До сега Бајден освои 3, а од уште 3 се очекуваат резултатите.

Америка на старите останува

Без разлика дали Бајден, дали Сандерс ќе победи кај демократите, Трамп ќе биде најмладиот претседателски кандидат на гласачкото ливче во ноември.

„Стоп Сандерс“ фронтот излезе на виделина

Двајца кандидати на демократите само што се откажаа од претседателската кандидатура и го поддржаа Џо Бајден, а пред гласање на Супер вторник излегоа и неколку истакнати конгресмени од Демократската партија кои јавно ја искажаа својата поддршка за Бајден.

Блумберг за свои пари глуми Претседател на САД

Кампањата на милијардерот купи прајмтајм слот за реклами, за Блумберг да може да глуми претседател на земјата во време на криза, конкретно епидемија на коронавирус.

Милијардата е пројдена

Потрошувачката на реклами за партискиот конкурс на демократите за американските претседателски избори веќе ја надмина границата од 1 милијарда долари, а над половина од парите доаѓаат од кампањата на Блумберг.

Немате поим колку многу е богат Блумберг

На пример, од вас до Трамп има неспоредливо помала разлика, отколку меѓу кусурот со кој располага Трамп и богатството на Блумберг.

Сорос: Веднаш тргнете го Закерберг од Фејсбук ако не сакате Трамп да победи

Во кратко и остро писмо до Фајненшл тајмс милијардерот инсистира Марк Закерберг и неговата десна рака Шерил Сандберг под итно да бидат отстранети од раководните улоги во компанијата, или во спротивно Трамп ќе тера и втор мандат.

Иронијата на подемот на Берни Сандерс

Тоа што го прави Берни Сандерс толкава закана за демократскиот естаблишмент е дека тој се залага за тоа за што милиони демократи мислеа дека нивната партија сето ова време се залага.

Демократите си пукаа во нога на сопствените избори

„Овие ли сакаш да ти ја водат здравствената заштита,“ е отприлика консензусот меѓу републиканците откако демократите ноќеска направија хаос во првото коло од партиски избори за претседателски кандидат.

Мајкл Мур предупредува дека Трамп пак ќе победи

На неколку недели пред гласањето во 2016 кога медиумите само што не ја преселија Хилари во Белата куќа, Мајкл Мур, на сериозна лична штета, јасно порача дека Трамп ќе победи. И така бидна. За сега, има само предупредување дека тоа може да се случи.