Нина Тарнер во разговор со Атлантик објаснува дека претседателските кандидати разочарале дел од прогресивните Демократи.
Подоцна Атлантик во неколку наврати ја користи изјавата на Тарнер, како една од повеќето причини заради кои Трамп би можел да победи на изборите и покрај тоа што моментално губи на анкетите.
Стравот е дека гласачите на Сандерс би можеле од лутина кон партијата или незадоволство од изборот на партиски кандидат, да решат да не излезат на изборите во ноември, и со тоа да ги упропастат шансите на Бајден за победа во неодредените држави.
Од првичните 30 кандидати од најразлични модели што демократите ги имаа на партиските избори, партиски финалисти беа Сандерс и Бајден, за на почетокот од април Сандерс да се откаже во корист на поранешниот американски потпретседател.
По суспендирањето на кампањата, Сандерс соработува со Бајден на разработка на повеќе политики и претпоставките се дека нивната соработка успеала да го натера Бајден да се помрдне од своите центристички ставови и да се придвижи дополнително на лево.