Блумберг покасно влезе во претседателската трка, заради што пред некој ден беше и неговата прва претседателска дебата, и доживеа генг-бенг. Сите овие демократски кандидати што се лактаат повеќе од половина година, здружно, речиси кореографирано, се истурија врз поранешниот градоначалник на Њујорк, главно на тема милијардите што ги поседува, плус некои негови бизнис пракси.
Едно Блумберг им дојде одлично за се одморат од спарингот што го прават меѓу себе, друго милијардерот од кариера со своите пари претставува сериозна закана за претседателските амбиции на политичарите од кариера, а имаат и идеолошки разлики.
Иако не се појавува во врвот на листите на милијардери со Безос, Гејтс и слични, Блумберг моментално сепак е проценет на 62 милијарди долари, сума која доминантно го помрачува балансот на сè останато што е во оптек за овие претседателски избори во САД.