„Демократите се измачуваат да го сфатат сето ова заглавени во уште рунда меѓусебно себе-обвинување: тие или се премногу прогресивни за неодлучните гласачи - премногу социјалисти или премногу агресивни со амбициозни политики како Зелениот Нов Договор - или не се доволно прогресивни за да ги инспирираат потенцијалните демократски гласачи да излезат или да преминат кај нив.
Меѓутоа тие треба да разберат дека стварно немаше начин како да го избегнат разочарувањето. Три фактори - логиката на партиска пристрасност, која неточните анкети ја запоставија; силата на набилданата пред ковид-19 економија; и успехот на негаторската реакција на Трамп, државата да остане отворена во време на ковид - главно објаснуваат зошто Демократите немаа подобар резултат.
Оваа шокантна стратегија работеше за републиканците, без разлика што не успеа да им донесе уште еден мандат во Белата куќа. Плус, оваа стратегија веќе ја постави стапицата во која паднаа демократите - нешто што тие треба да го сфатат и да се прилагодат на тоа, колку што можат подобро, додека се подготвуваат за иднината,“ пишува Вил Вилкинсон во колумната за Њујорк тајмс.
„Успехот“ е што Трамп за гласачот ја претвора партиската припадност во главен извор на значењето и дефинирањето на самите себе, па секоја реалност или факт редовно станува актуелна тема. Во таква ситуација „изборите не даваат авторативна оцена за успехот на актуелниот претседател кога гласачите во изедначено поделен електорат имаат крајно неконзистентни ставови еден за друг и за светот во кој живеат.“
Трамп мајсторски го искористи и анимозитетот меѓу поделените гласачи за „да ги отцепи своите симпатизери од изворите на кредибилни информации и да ги разжари со клевети против другите.“ Сепак тоа што овој пат го спречи Трамп во неговиот втор поход на Белата куќа беше неверојатната бројка од над 260.000 починати Американци од ковид-19.
„Меѓутоа катастрофалната реакција на Трамп на ковид-19 предизвика понор на економијата. И тука работите стануваат интересни - а на демократите почнува да им станува непријатно.
Трамп одрекува каква било одговорност, префрлајќи го товарот врз сојузните држави и локалните власти со испразнети буџети. Тој потоа започнува војна на зборови против гувернерите и градоначалниците - посебно од демократите - кои одбиваат да го ризикуваат животот на своите граѓани и да дозволат да продолжи економската и социјална активност.
Тој ги притисна своите симпатизери да почнат да ја исмејуваат опасноста од инфекцијата, а простачкото не носење маски го претвори во амблем на еманципација од деспотизмот на експертите, и ги претвори здравствените рестрикции кон бизнисите, училиштата и социјалните собирања во заговор за крадење на власта преку оштетување на економијата и неговите шанси за реизбор.
Тој успеа да ги стави демократите во дефанзива околу економските рестрикции и затворањето училишта. Како што минуваа месеците и без Вашингтон да пушти каква било помош, финансиски истоштените демократски држави и градови немаа многу избор освен да ги олеснат рестрикциите и затворањето на бизнисите.
Меѓутоа демократите не мораа толку многу да се заплеткаат во стапицата на Трамп како што тоа го направија. Тие немаа начин како да ја избегнат, но можеа да излезат од тоа помалку повредени. Тие дозволија републиканците да го дефинираат контрастот меѓу партискиот пристап кон пандемијата, како слобода наспроти истоштувачки, бескрајни затворања.
Демократите требаа да претстават конкурентна, прифатлива стратегија наспроти републиканската порака. Работниците и бизнисите кои беа затекнати од затворањата никогаш не слушнаа јасна порака што ќе добијат ако демократите дојдат на власт...
... Наместо тоа, демократите кукаа дека немарноста и некомпетентноста на Трамп се виновни за економските проблеми на Американци и се жалеа дека Мич Меконел не го ни погледнал нивниот предлог за помош. Тие не згрешија, меѓутоа наоѓањето на виновникот не им помогна многу на работниците кои не можат да продаваат смутија или да чистат хотели преку Зум,“ пишува Вилкинсон.
Неговата порака до демократите е да разберат како Трамп успеал да ја спаси Републиканската партија, преку засилување на партиските поделби. Самите републиканци чувствуваат дека треба да најдат начин како да не бидат зафатени од Трамп торнадото, што го направија со давање поддршка во долниот дел од гласачкото ливче (каде се гласаше за Конгресот), „тие гласаа против личната криза на идентитет, не против Зелениот нов договор“.
„Демократите можеби ќе имаа подобри резултати доколку наклонетите анкети и нивните лични пристрасни партиски перцепции не ги прелажаа да веруваа дека острата реакција на неспорните републиканци неуспеси ќе им донесе лесно мнозинство во Сенатот. Се додека не се скрши магијата на страшните партиски поделби, сè што е важно ќе биде пеколно оспорувано па дури и најнезамисливите неуспеси ќе продолжат да минуваат неказнети,“ порачува Вилкинсон.