
Американскиот федерален центар за превенција и контрола на болести за првпат побара од оние што носат образовни политики да го поместат понапред почеток на утринските часови за да можат децата да се наспијат за да напредуваат, и здравствено и академски.
Истото тоа лани го побара и Академијата на педијатри сметајќи дека на децата мора да им се обезбедат оптималните 8,5 - 9,5 часа спиење.
Двете институции ги нотираат значајните ризици кои ги носи недостатокот од сон, вклучително и проблемот со дебелината и сообрачајните несреќи кај тинејџерите.
"Доволно сон е неопходен услов за ученичкото здравје, безбедност и академски успех а прераното започнување на училишниот ден непотребно тоа им го оневозможува", вели еден доктор од секторот за јавно здравје.