Таг: спиење

Напорот да се стане од кревет и да се остане буден

Соодветно на понеделничкиот старт, есеј кој само навидум е демотивирачки: ако веќе сме укинале или преиначиле нешта кои со милениуми сме ги сметале за такнато-макнато, зошто не би можеле да ја укинеме и апсурдната потреба да губиме време спиејќи, и уште повеќе, мачејќи се да станеме насабајле. Зошто не би лебделе постојано во оној меѓупростор помеѓу јавето и сонот (или обратно), каде со задоволство може да констатираме дека ние не сме (баш) ние?

Границата за болест е спиење помалку од 5 часа

Помалку од 5 часа континуирано спиење навечер, значи не агрегирано преку цел ден, ги зголемува шансите за повеќе хронични здравствени проблеми, тврдат истражувачите кои испитувањето го прават кај луѓе на возраст над 50 години.

Уморот влијае врз нашата вeликодушност

Дали ќе помогнеш на непознат со торби од пазар, ќе станеш на трудница во автобус или ќе донираш поголема сума во добротворни сврхи не зависело од тоа колку си во суштина љубезен и хуман. Туку од тоа колку си наспан и одморен.

Можно е да си „должите“ спиење

За некои, спиењето е еден од најдобрите делови од денот - за други, доволен сон е малку потешка работа. Но, долгови треба да се враќаат со време.

Истражувачката што спиеше 24 денови како мачка

Студентка на Универзитетот во Токио требало да пишува труд за поврзаноста на квалитетот на спиењето со неговата локација. Одлучила скоро еден месец да спие онаму кадешто спиеле нејзините мачки. Резултат: физички имало незначителна разлика во квалитетот и должината на сонот во споредба со спиењето во кревет. 

Дали се будите неколку часа пред алармот?

Докторка за сон објаснува што е проблемот ако е така.

Moраме ли да спиеме?

Зошто треба да се ставаме во потенцијално опасна ситуација - да сме несвесни за околината неколку часови ноќе - која ни троши околу третина од возрасните животи, и повеќе од детството? И не само што не се буниме, туку заедно со кучињата, лавовите и речиси секое друго животно, уште и уживаме во дремење и длабок сон.

До неодамна сме легнувале два пати во текот на ноќта

Феноменот има име - бифазна или бимодална шема на спиење, која се задржала долго во човечката историја. Кога и зошто се случило да почнеме да спиеме цела ноќ?

Ни со 8 часа спиење не го бива

Иако зазема огромен дел од сечиј живот (ако имаш среќа дури и цела третина од животот) сонот е прилично нова научна дисциплина на која научниците работат од пред само околу 70 години.

Библиотека во Британија во која ти дозволуваат да спиеш

Веднаш ни текна колку добро оправдување би било ова - те немало цела ноќ дома, ама не си пиел туку си читал. И после, логично, ти се приспало.

Шатори, лаги и Инстаграм

Фино е за фотка и за лајкови, ама стварно никој не спие во оние шаторине поставени на еден чекор од провалија до центарот на Земјата. И девојкава сака тоа да се знае.

Никого не го интересира што си сонувал/а

Логиката зад раскажувањето на соновите е дека што и да се случувало во нив, ќе биде многу подобро дешифрирано од двајца (или повеќе) отколку од еден (кој згора на тоа е и крајно субјективен), и дека разговорот ќе помогне подобро да се справиш доколку некогаш во иднина се најдеме во хипотетичката ситуација што ни дошла на сон.

Зошто по цел ден си уморен

Генерално затоа што ништо не правиш (освен тоа што безволно цело време го правиш) и не пиеш вода, мада има и подлабоки проблеми што те упропастуваат.

Најголем конкурент на Нетфликс му е сонот

Ни Амазон, ни Јутјуб, а најмалку па традиционалните тв оператори. За првиот човек на глобалниот стриминг гигант Нетфликс, нивен најголем непријател им е чудната потреба на луѓето понекогаш да спијат.

Лос Ангелес забрани спиење во кола

Со најновата одлука градот практично им порача на бездомниците да си најдат некој друг град кајшто ќе бидат бездомни.

На богатиoт нема кој да му рчи

Соби за рчење е последниот шик на богатите за зачувување на мирот на својот сон. Кога тој мир не е пореметен од трубите на совеста туку од рчењето на партнерот.

Ајде да спиеме

На човек му требаат во просек 14 минути за да заспие. Добар сон е составен од 5 до 6 комплетни циклуси. Проблемот е што овие циклуси не се рамномерни и не се најлесни за пресметување. Затоа еве ви алатка што ви пресметува по две основи: кога треба да легнете за да станете во одредено време, или во колку треба да станете ако легнете сега.

Школскиот ден треба да почне подоцна

Будењето деца за на школо зимно време (во погрешната временска зона во која упорно остануваме) личи на будење јадни фабрички работници. Данокот го плаќа нивното здравје и образовниот успех. Америка мисли да поместува.

Човекот што ги учи фудбалерите како да спијат

Тренери од ваков тип постојат, еве не сме знаеле. Но им требало долго време за да влезат во светот на спортот. Тоа дека не е препорачливо секс пред натпревар немало везе, исто како и старата теорија дека требало да се спие по 8 часа. 

Богатите спијат подобро

Класните разлики не запираат пред спалната соба а богатите луѓе не се погалени само од јавето туку и од сонот.