Да станеш рано да вежбаш, или да поспиеш?

Што е поздраво?

Утринска фитнес рутина може да е неверојатно добра навика. Веднаш завршувате со вежбање, на почетокот на денот, па нема шанси да го прескокнете заради зафатеност, како кога би го оставиле за подоцна. Тера и на поздрави одлуки, се подобрува расположението и други корисни работи. Но, има луѓе што се мачат да станат, а за да биде навистина здрав избор, треба предвид да се земат и навиките, животниот стил, работата и друштвените обврски, за да се дизајнира рутина што ќе функционира.

А спиењето е и тоа како важно - и утринска фитнес рутина не е за секого.

Она што е важно во моментов е ако воопшто не вежбате, прво таа навика да ја створите. Затоа што ако нерадо станувате рано, се соочувате со две пречки:

  • мора да станете рано
  • мора да вежбате, а немате навика.

Ако ви недостасува сон, фокусирајте се на остварување на потребните седум часа. Да не биде дека си должите спиење, а и вежбите нема да бидат ефикасни ако не сте доодморени и се влечете.

Ако сте под стрес, едноставно прескокнете го утринското вежбање. Тешко е да се изведе тоа со исполнет распоред, полна куќа и кариера - точно е дека вежбањето се бори со стресот, но присилно станување од кревет за доза Инсенити сигурно нема да помогне. Ако сте под голем стрес, утринската рутина се препорачува да вклучува пешачење, јога и истегнување.

Крајната пресуда? Спиењето нека ви биде приоритет, а движењето вметнете го каде што можете. Сонот е од круцијална важност за здравјето, а околу физичката активност - добро би било да ѝ ја проширите дефиницијата. Може немате секој ден време за во теретана, но има многу неочекувани можности во текот на денот - и се важат.

Вметнете 5-10 минути вежбање во сред ден, или кога ќе се вратите дома од работа. Може да биде и истегнување или јога. Едноставни одлуки, како паркирање подалеку од местото каде што треба да влезете, или качување по скали место со лифт прави разлика.

Ако ништо друго, ваквите ситни активности помагаат да немате грижа на совест ако поспиете од сабајле.

18 април 2022 - 12:54