Ако новогодишните фитнес ветувања ги терате според јулијанскиот календар тогаш крајно време за почеток на нивно остварување треба да е првиот ден по Стара нова година. (Освен ако не решиш дека треба да го истераш уште Св. Јован, евентуално и Трифун и готово. Ептен ако годината ти се падне да имаш и Младенци за терање, па да продолжиш до тогаш.) Пред да ја почнете сезоната во која конечно ќе направите се што сакате од себе (на фитнес план) има неколку работи што треба да ги знаете.
Нашиов јунак тргнува да докаже дека во рок од 80 дена можеш од гајда на зачеток да направиш филмски стомачни мускули. Докажува дека не можеш, а целиот подвиг успева „да му го уништи животот.“
Тоа што ова е комплетно неточно, сатирично видео составено од Онион, не треба ни најмалку да ве демотивира да го прифатите како безпогрешно точно ако ви се бендисува што се кажува во него.
Со години, мантрата на фитнес гуруа, нутриционисти, славни личности, вистински и не така вистински доктори, е: се додека правиш кардио, можеш да правиш криминал во јадење, и пак да слабееш.
Да беше Ѓоковиќ сеирџија што држи до себе, со време ќе се фатеше со копање во нива како негова основна фитнес вежба, само за да гледа како сите се борите со ашов и мотика. А не он се фати за тоа глутенот и нејадење месо. Затоа тука ја имаме Јована.
Едно од најчестите правила што се претставуваат како неприкосновен канон на исхраната е дека можеш да го имаш тој екстра тост, сладолед или пијачка ако планираш тие калории да ги согориш со физичка активност. Најмалку 60 научни студии го порекнуваат тоа правило.
И не само што не си роден, туку не си ни еволуирал своеволно да станеш, во момент инаку предвиден за релаксација, да го прекинеш својот одмор и наеднаш да се посветиш на нешто кое е сосема спротивно - што е можно поголемо уморување и трошење на самиот себе. Едноставно не си.
Што ако се е голема лага и физичката активност не помага во слабеење? Може да е и полошо, нови студии покажуваат дека вежбањето може и да го забави метаболизмот.
Совети од БиБиСи за паметно вежбање, или барем за почнување со вежбање ако ништо друго. Како што доликува на БиБиСи секој совет им се базира на некое издржано научно истражување.
Звучи премногу добро за да би било вистинито но ние мрзливите со задоволство би ѝ дале шанса. Седиш, јадеш а мускулите сами се пумпаат. Па да се видиме на плажа после!
Од многуте крајно нефер научни сознание го споделуваме следново: оние кои биле возрасни во 70-тите години на минатиот век можеле и да јадат повеќе од вас и да вежбаат помалку од вас а пак да не качуваат килажа.
Во мода е една исцрпувачки интензивна програма за вежбање која на жените им ветува дека ќе дојдат до феноменалната цифра од само 15 проценти телесни масти. Главната цена ја плаќа здравјето.
Проблемите со пари создаваат проблеми во планирањето на време за вежбање и здрави оброци. Овој проблем се решава со неефикасни стратегии за слабеење, кои на крај не решаваат ништо.