Обезмастување на жената

Во мода е една исцрпувачки интензивна програма за вежбање која на жените им ветува дека ќе дојдат до феноменалната цифра од само 15 проценти телесни масти. Главната цена ја плаќа здравјето.

Тренингот се вика C-10, зад да него стои фитнес интрукторот Стивен Чеук. Три пати неделно по 60 минути, дигање тегови од место, влечење товар и слични активности, како во видеото:

Чеук тврди дека 15 проценти сало е моментот кога кај жената почнува да се познава дефиницијата на мускулите. За други, ова е радикална амбиција со оглед на тоа што на 13 проценти почнуваат сериозни здравствени проблеми, како што се хормонски пореметувања и можно губење на менструалниот циклус.

Професорка по Кинезиологија од Пен Стејт универзитетот порачува дека сосема фит жена има меѓу 19 и 22 проценти телесни масти а повеќето професионални женски атлети имаат меѓу 14 и 20 проценти.

А клиенти на Чеук не се професионални спортистки туку жени од канцеларии кои сепак се навлечени на "магичната' 15-ка.

Покрај спартанските вежби, во тренингот на Чеук спаѓа и строго контролирана диета која се состои од протеини, зеленило и масти. Поточно, една дланка протеини од животинско потекло на ден (пилешко, телепко, рибешко), две шаки зеленчук и максимум три лажици маслиново или кокосово масло.

29 јануари 2015 - 10:50