Што знаеме?
Наспроти општоприфатениот совет, вежбањето е прилично некорисно за губење килограми. Во исто време кога 100 посто од нашата енергија добиваме од храната, со вежбање можеме да согориме само 10-30 проценти од неа.
Што не знаеме?
Физичката активност може да покрене серија промени што влијаат на тоа колку се јаде и колку калории се користат, но како овие ефекти се разликуваат од човек до човек, научно не е најјасно.
Што значи тоа за тебе?
Не очекувајте да изгубите значајна тежина само ако се потпирате на вежбање. Тоа е важно за вкупното здравје, но ставките што и колку јадете многу повеќе влијаат на резултатите на вашата вага.
Што значи тоа за здравствените политики?
Западните земји имаат проблем со дебелината. Но намалената физичка активност не треба да се третира подеднакво одговорна како бројот на внесените калории. Политиките на јавното здравје треба првенствено да се борат против претераното консумирање неквалитетна храна.
1) Постои еволутивна финта како нашите тела горат калории
2) Вежбањето е одлично за здравјето
3) Само по себе вежбањето е речиси бескорисно за губење тежина
4) Физичката активност може да согори само мал дел од внесените калории
5) Тешко е да се создаде значаен калориски дефицит само со вежбање
6) Вежбањето може да го поткопа намалувањето на тежината на некои суптилни начини
7) Вежбањето може да предизвика физиолошки промени кои всушност ќе придонесат да ја чуваме енергијата
8) Потрошувачката на енергија можеби има своја горна граница
9) Владите и прехранбените индустрии се расфрлаат со ненаучни совети
10) Тогаш што всушност помага во намалувањето на тежината?