Студија објавена во Obesity Research & Clinical Practice покажала дека луѓето кои денес имаат истоветни прехрамбени и физички навики со оние од пред 40 години тежат во просек 10 проценти повеќе од нив.
Истражувањето темелено на режимот на исхрана на 36.400 Американци во периодот 1971-2008 како и податоци за физичката активност на 14.419 лица меѓу 1988 и 2008-ма сугерира дека контролата на тежината е нешто посложено прашање отколку механичкото додавање и трошење калории.
Авторите засега само теоретизираат околу можните причини на ваквата разлика: загадувачи на околината, пестициди или антибиотици кои можат да се најдат во денешната храна можеби го имаат пореметено хормонскиот процес кој ја регулира тежината. Велат дека предвид треба да се земат и фактори како што е светлинската загаденост во градовите, доцното јадење, зголеменото користење анти-депресанти или променетата структура на стомачните бактерии што може да води кон зголемена уптреба вештачки засладувачи.