"Природно е да бидеш физички мрзлив," е веројатно една од посмирувачките реченици што човек може да ја чуе, а од збор до збор доаѓа од неодамнешниот научен труд на професорот од Харвард Даниел Либерман под наслов "Дали вежбањето навистина е лек? Еволуциска перспектива".
Либерман појаснува дека човечката еволуција е "приказна на адаптации," која на пример довела до унапредена способност за трчање, за што луѓето имаат развиено пократки прсти, коска во петицата и способност да се ладат преку потење. Слична е приказната и со одморањето, кое било клучно во текот на целото постоење на човештвото кое за разлика од денес во најголемиот дел од историјата својот ден го посветува на собирање доволно ресурси за прехранување.
Или како што тоа го пренесува Харвард магазин "со други зборови, луѓето се родени да трчаат - ама што е можно помалку."
"Никој ловец-собирач не одел да џогира, чисто за да џогира. Тие излегувале во потрага по ресурси, излегувале за да работат, меѓутоа се вон тоа не би било паметно, да не зборам несоодветно (во ситуација со ограничен број на калории на располагање)," објаснува Либерман.
По него, тензијата меѓу активноста и одморот се одвива во човечката психологија и анатомскиот систем кој "еволуира да бара стимул од физичката активност со цел да го адаптира капацитетот на нејзината побарувачка."
Кампањата за тоа зошто еволуциски ние не сме предвидени да вежбаме има прилично широк опсег на аргументи во својата корист и во основа целото наше тело е поставено така да му е природно да одбива вежбање. Затоа што мускулите трошат околу 25% од дневните калории, за одбранбениот механизам на телото е подобро тие да не се развиени. Или во случајот со срцето, кога не вежбаш тоа пумпа помалку крв, со што се забавува и метаболизмот.
Денешниот проблем потекнува од таму што во ниту еден друг период од постоењето на човештвото воопшто било изводливо да се егзистира без никаква активност, бидејќи "вежбањето буквално било дел од околината." Резултатот на ова е што "механизмот за намалено трошење на енергија во отсуство на физичка активност денес се манифестира како болест."
"Самото вежбање е спротивставено на два милиони години човечка еволуција која на цел глас извикува 'Немој да вежбаш!' Затоа толку е тешко да ги натераш луѓето да вежбаат," пишува Џонатан Шо во текстот за Харвард Магазин.