ЦИА крие врски со биоинженер што развивал вируси во Вухан

Речиси шест години по пандемијата на ковид сè уште не се знае како се проширил вирусот од Вухан. Сенаторот Ренд Пол тврди дека ЦИА со години одржувала контакти со биоинженер близок до кинескиот институт за вирусологија, кој предупредил дека вирусот најверојатно се проширил од лабораторија. ЦИА два пати си го промени ставот за вирусот и ги крие врските со вирусологот.

Според сенаторот Ренд Пол, ЦИА неколку години пред пандемијата одржувала контакти со докторот Ралф Бариќ, професор на Универзитетот во Северна Каролина, кој соработувал во експерименти со биоинженеринг во Институтот за вирусологија во Вухан.

Откако короната се прошири низ целиот свет, професорот ја предупредил ЦИА на можноста дека вирусот не потекнува од лилјак на локалниот пазар на животни, туку се проширил од лабораторијата, најверојатно поради грешка направена без намера.

Пол сега бара од шефицата на разузнавањето Тулси Габард да објави документи за врските на ЦИА со професорот. Како советник за биоинженерство, Бариќ четири пати годишно ја советувал Канцеларијата на директорот за национално разузнавање (ODNI) за потенцијални биолошки закани. Првите контакти биле во 2015 година, пет години пред пандемијата, кога ODNI побарал од Бариќ да направи експертиза за „еволуцијата на коронавирусот и можното прескокнување на луѓе по природен пат“.

Контактите продолжиле и за време на пандемијата. Во презентација презентација пред ODNI во јануари 2020 година Бариќ ги информирал американските разузнавачки служби дека ковид можеби се појавил во лабораторија. Тој раскажал дека секвенционирал илјадници коронавируси слични на САРС, вклучувајќи соеви способни за епидемии. За лабораторијата во Вухан забележал дека ги спроведува експериментите под ниски нивоа на биолошка безбедност и покрај капацитетот на некои вируси да се префрлат на луѓе.

Една година по презентацијата на Бариќ, ODNI застана против хипотезата дека вирусот протекол од лабораторија и ги отфрлаше сите други извештаи како „дезинформации“. Но, во 2023 година директорот на ЦИА Џон Ретклиф изненадувачки ја промени оценката и објави: „Поверојатно е потеклото на пандемијата да се поврзува со лабораториско испитување отколку со природно потекло на вирусот“. Ретклиф тогаш додаде дека ЦИА „ќе продолжи да ги оценува сите достапни веродостојни нови разузнавачки извештаи, по потреба.“

И покрај новите откритија, останува неразјаснето зошто ЦИА толку многу се интересирала за работата на Бариќ на коронавирусите. Познатите документи не содржат детали за нивната соработка, наведува сенаторот Пол.

САД финансирале експерименти на коронавируси во Вухан и преку Агенцијата за меѓународен развој. УСАИД во периодот од 2009 до 2020 година испратила примероци во Вухан преку програмата PREDICT, која не може да се поврзе со ЦИА.

14 ноември 2025 - 13:21