Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Вишеградската четворка го оспорува планот на ЕУ за мигранти

14 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Полска, Унгарија, Словачка и Чешка објавија дека нема да учествуваат во системот на квоти за прифаќање мигранти и подготвени се да ја оспорат одлуката на Европската комисија за распределба на товарот од мигранти.
  • Според новиот Пакт за миграција и азил, сите земји од ЕУ мора да придонесат - пропорционално на своето население и БДП, за да го намалат притисокот од мигранти врз Грција, Италија и Шпанија. Може да прифатат пропорционален број азиланти или во солидарен фонд да платат по 20.000 евра за секој од квотата што ќе го одбијат.
  • Полска и Чешка се меѓу шесте земји на кои ЕУ им дозволи да побараат да бидат изземени од планот за солидарност. Полскиот премиер Доналд Туск најави дека веднаш ќе аплицира. „Полска нема да прифаќа мигранти... ниту ќе плаќаме за тоа“, напиша Туск. Таква реакција се очекува и од чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој сè уште составува влада.

Tak, jak mówiłem, Polska nie będzie przyjmować migrantów w ramach Paktu Migracyjnego. Ani płacić za to. To już decyzja. Robimy, nie gadamy!

— Donald Tusk (@donaldtusk) November 11, 2025
  • На Унгарија и на Словачка не им е дадена можност да ја избегнат обврската. „Нема да го спроведеме Пактот за миграција. Нема да примаме мигранти и нема да платиме ниту една форинта за нив“, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан. Словачкиот премиер Роберт Фицо испрати слично предупредување до Брисел.

Brussels has issued the order. They are activating the Migration Pact. I want to make it clear once and for all: as long as Hungary has a patriotic government, we will not implement the Migration Pact. Ceterum censeo: we will not accept migrants and we will not spend a single…

— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) November 12, 2025
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

АНБ со мирис на УДБА

5

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
6

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

8

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Никогаш не се откажувај

Стани Томе да заиграш

Уметник или манијак?

Приказните зад антологиските корици на албуми

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy